Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Македонците за Велигден во европските центри, Охрид ќе биде половично исполнет

За најголемиот христијански празник Велигден, македонците зовреа,никаде не ги собира, избегнувајќи го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За најголемиот христијански празник Велигден, македонците зовреа,никаде не ги собира, избегнувајќи го центарот на православието Охрид-вапцувањето јајца и празнувањето во кругот на семејството ќе го заменат со уживање во што подалечни земји и луксузни патувања. Туристичките агенции фрчат со неколку дневни аражмани кои целосно се продадени. За индивидуална сума и од над 1.000 евра пакуваат куфери за да заминат во Букурешт и романскиоит регион. Трансилванија, шпанскиот бисер Андалузија, португалскиот Лисабон и Порто, италијанските и француски монденски места и метрополи, некои ќе заминат во Јордан и светата земја Израел, па дури и во Обединетите арапски емирати.

Охрид на кој традиционално му се восхитуваа бројни туристи од начинот на кој македонскиот народ го прославувува најголемиот христијански празник, годинава ќе биде  половично исполнет, барем според најавите на хотелиерите. Останува оптимизмот дека во последен момент ќе нагрнат гости од опкружувањето.

“Во очи на претстојните велигденски празници ние како угостители секогаш го гаиме оптимизмот дека ќе бидат нашите капацитети исполнети бидејќи како што знаеме, овој регион доста е посетен за време на таквите збиднувања,сепак Охрид претставува еден центар на  религиозните збиднувања во нашето општество “- вели Михаил Мишев од еснафот на угостители.

Реклама

Туристичките работници од соседните земји кои се насочија кон развој на верскот туризам успеаа тројно да го зголемат бројот на странски гости,велат туристичките работници.

“Цел Охрид треба да е еден компактен производ за да му го продадеме на странците и Охрид не треба да е сам за себе,Охрид треба да е дел од една балканска тура каде што луѓето би останале ден, два или неминовно би поминале низ таа балканска тура низ Охрид.Тоа се’ почесто го прават странските агенции”- вели туристичкиот водич, Љупчо Јузмески.

Крајно време е велат туристичките работници, да се спакува убава приказна за Охрид и да се вметне во туристичката понуда, што ќе носи многу пари за градот и државата.

Росица Голабоска