Реклама

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Македонија

Македонскиот филм „17“ ја освои наградата за најдобар меѓународен дебитантски филм на Фестивалот во Ерусалим

Македонскиот игран филм „17“, долгометражно деби на режисерката Косара Митиќ, ја освои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот игран филм „17“, долгометражно деби на режисерката Косара Митиќ, ја освои наградата „GWFF“ за најдобар меѓународен дебитантски филм на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим.

Како што стои во соопштението на продукцијата, наградата била врачена на свечената церемонија одржана синоќа во Ерусалимската кинотека, а за победникот одлучувало меѓународно жири составено од актерката Корина Харфух, продуцентот Марк-Беноа Креансие и режисерот Јона Розенкиер.

Во образложението, жирито оценува дека „17“ е „суров, бескомпромисен и силен уметнички удар“, истакнувајќи ја вештата кинематографија, режијата и актерската игра, како и начинот на кој филмот обработува тема на долго премолчувано насилство.

Реклама

– Наградата за најдобар дебитантски долгометражен филм му припаѓа на филмот „17“ на Косара Митиќ. Станува збор за суров, бескомпромисен и силен уметнички удар. Филм исполнет со гнев и исклучително вешта кинематографија, кој го предводи неверојатно талентирана режисерка и извонредна актерска игра. Филмот прикажува едно долго премолчувано насилство со кое конечно мора да се соочиме – се вели во образложението.

Од продукцијата посочуваат дека признанието претставува продолжение на успешниот меѓународен фестивалски пат на филмот, кој во февруари годинава ја имаше светската премиера во официјалната натпреварувачка програма „Перспективи“ на 76. Меѓународен филмски фестивал во Берлин. 

Филмот „17“ е македонско-српско-словенечка копродукција, поддржана од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Словенечкиот филмски центар и SEE Cinema Network.

Сценариото го потпишуваат Косара Митиќ и хрватскиот сценарист Огњен Свиличиќ. Продуцент е „Црна Мачка Продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, додека меѓународната продажба на филмот ја врши француската компанија „Тотем Филмс“.

Главните улоги ги толкуваат Ева Костиќ и Мартина Даниловска, а во актерската екипа се и Жаклина Стефковска, Ана Стојановска, Даме Јовески, Оливер Митковски, Александра Пешевска, Симеон Дамевски, Ева Стојчевска, Ирена Димеска, Тодор Стојковски, Иво Јездиќ и Алина Христовска.