Реклама

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

Економија

Македонија нема стратегија за развој на занаетчиството

Македонија нема стратегија за развој на занаетчиството,инцидентана помош на општините во рамките…

Сподели:

Македонија нема стратегија за развој на занаетчиството,инцидентана помош на општините во рамките на нивните можности и онаапред 2 години кога Владата им подели по некој денар колку да им замачка очи за време на корона пандемијата,не ја спаси оваа значајна стопанска дејност која година за година се’ повeќе тоне и изумира.

Не е развивање на занаетчиство јас ако организирам еден базар на плоштад со тезги од 3 дена па видите ние што имаме, ништо немаме. Охрид се отворија 2-3 фабрики поголеми и најпростата математика е, подобро една плата од 23.000 на 1-ви, него цел месец да работиш занаетчија и да се мислиш дали ќе успееш трошоците за дуќанот да ги покриеш, а камоли нешто да остане за себе.

Од Владата побаравме помош во вид на субвенции,но нашиот допис го шетаат од институција до институција и не залажуваат, вели Богоески. Последниве 10 години само двајца од 280 занаетчии кои што ги има во охридскиот регистар нашле свој наследник кој ја продолжил традицијата.

Реклама

Љубовта кон овој занает мојот татко ми ја всади уште од мали години до ден денес и се надевам дека и понатака ќе продолжам да го работам овој занет. Секој почеток е тежок, но со текот на времето и со повеќе пракса станува се полесно.

Воведувањето на задолжително средно образование за занаетчиите е дополнителен проблем, децата се учат велат од мали, а не кога ќе станат полнолетни. Дека треба измена во образовниот систем, се сложува и директорот на електро-машионскиот училишен центар каде има можност за изучување на занаети.

Со донесување на законот за средно образование пред 10-15 години кога се воведе задолжително средно образование, со тоа падна интересот на струките за профили од трет степен. Ние веќе 10-тина години немаме запишано ни еден ученик во овие профили.

Од почетокот на годинава до денес 37 занаетчии во Охрид ги затвориле дуќаните, во градот се бројат на прсти кондураџиите, свеќарите, клучарите, а самарџиите, опинчарите, петличарите повеќе не фигурираат во регистарот на занаетчии.

Росица Голабоска