Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ

Во Европската Унија во 2024 година имало 507 болнички кревети на 100…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Европската Унија во 2024 година имало 507 болнички кревети на 100 000 луѓе, што е мало намалување во однос на 511 регистрирани во 2023 година, покажуваат податоците на Евростат.

Трендот на намалување на болничките кревети започна во 2009 година (582 болнички кревети на 100 000 луѓе), како резултат на влијанието на научниот и технолошкиот развој што го скрати просечното времетраење на престојот за многу болнички процедури или ги замени со амбулантски или дневен третман.

Кина денеска ја заврши изградбата и на втората болница во Вухан за изолација и лекување на пациенти од коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 560 луѓе.

Меѓу земјите од ЕУ, Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, а по неа се Германија со 759, Романија со 731, Австрија со 655 и Чешка со 639.

Реклама

Спротивно на тоа, шест земји од ЕУ имаат помалку од 300 болнички кревети на 100 000 луѓе: Шведска (187), Холандија (221), Данска (226), Финска (248), Шпанија (283) и Ирска (293).

Во однос на креветите во установите за долготрајна нега, најмногу имаат Холандија (1 390), Шведска (1 298) и Белгија (1 249).

Грција со 20 и Бугарија со 26 кревети за долготрајна нега на 100 000 луѓе се на дното на листата земји на ЕУ.

Бројот на позитивни на коронавирусот во државата се искачи на 5106, а досега починаа 238 лица. Вчера беа регистрирани 101 нов случај на КОВИД-19, од направени 776 тестирања и пет починати. Ин

Последниот достапен податок на Евростат за Македонија е за 2021 година, и кажува дека сме имале 449 болнички кревети на 100 000 жители, а 51 за долготрајна нега. Според бројот на болнички кревети, Македонија е пред 14 земји членки на ЕУ.