Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Македонија има најниска цена на дизелот и бензинот, вели премиерот Мицкоски

Ако ги споредиме цените во регионот, ние имаме најниски цени на горивата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако ги споредиме цените во регионот, ние имаме најниски цени на горивата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на Миле Талески. 

– Тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизира кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие три и половина месеци поминаа би рекол многу едноставно, бидејќи ние во ниту еден момент не создадовме паника, не очајувавме, не правевме панични прес-конференции, туку напротив работевме за граѓаните тоа да не го почувствуваат. И кој е резултатот? Резултатот е дека имаме најниски цени убедливо денеска и во текот на кризата, но денеска ако ги споредите цените, ние имаме убедливо најниска цена на горивата – порача Христијан Мицкоски на денешната седница. 

Претседателот Мицкоски направи компарација на цените на дизелот и бензинот, потенцирајќи дека Македонија има најниска цена на нафтата и бензинот споредбено со земјите од регионот.

Реклама

– Во Србија ако денеска наточите еден литар гориво, цената е 1,85 евра по литар, а ако наточите 95 октански бензин, тогаш е 1,63 евра по литар. Ако појдете во Хрватска, таму во зависност дали точите во градовите или на автопат, цената за нафта денеска се движи од 1,59 евра до 1,85 евра по литар, а за бензинот цената е 1,57 до 1,73 по литар. Во Словенија дизелот можете да го купите за 1,72, а безоловниот 1,60. Ако продолжите понатаму и стигнете до БиХ таму дизелот ќе го купувате за 1,50 евра, а безоловниот бензин за 1,46. Во Црна гора дизелот ќе го купувате за 1,55 евра, а безоловниот бензин за 1,59 евра. И потоа во Македонија, дизелот ќе го купите за 1,31, а безоловниот ќе го купите за 1,36. Од 20 до 50 евро центи е разликата од горивото кое што го точат граѓаните кај нас и граѓаните во овие земји – рече тој. 

Мицкоски рече дека ова е берзанска стока и изворите и берзите се горе долу исти што значи дека и цената би требало да е иста. Според него, оваа Влада работела со претприемачка логика.

– Начинот на кој што размислувавме беше сите оние изгубени даноци, бидејќи го намаливме данокот на додадена вредност и акцизите, да ги амортизираме со зголемена количина на продажба. И во тоа успеавме, бидејќи многу граѓани од Србија, Албанија, Грција доаѓаа кај нас и постоеја денови кога до 50 проценти беше зголемен конзумот на горивата кај нас. Ако внимателно следевте како ги читам цените, ќе забележите дека ние сме единствената земја каде што дизелот е поевтин од безоловниот – рече Мицкоски. 

Премиерот кажа дека во овој момент не се планираат дополнителни мерки бидејќи цените паѓаат.

– Очекуваме сега во понеделник, ако вака продолжат да паѓаат, уште едно уште поголемо намалување на цените на бензините и дизел горивото и на тој начин полека но сигурно да се вратиме на оние цени кои што беа кон крајот на февруари месец, оваа година. И со тоа очекуваме дел од транспортните компании да ги вратат цените – рече премиерот.