Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Кумановско под висок напон – жители на Оризари го блокираа пунктот на ЕВН, поради Слупчане цел регион без струја.

Проблемот во Слупчане остави без струја и дел од околните села .…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемот во Слупчане остави без струја и дел од околните села .  Жителите на с. Оризари во Општина Липково од вчера попладне се без електрична енергија поради тоа што екипи на ЕВН не можат да влезат во Слупчане да го санираат проблемот, а жителите на околните села се поврзазни на истата мрежа .

Граѓаните револтирани,  ја блокираа подрачната единица на ЕВН во Куманово , по што  пунктот не работи .  Жителите се пред ЕВН, а вработените дома .  Тие сметаат дека е неправедно тоа што плаќаат редовно, а се исклучени од мрежа .

Бараме од ЕВН да ни пушти струја, веќе 24 часа немаме струја . Се е расипано . Треба вода . во 62 години немам видено вакво нешто, да плажаш струја , а да немаш. Ако Слупчане е казнето зошто не плаќа, ние сме казнети зошто плаќаме .

Реклама

Вака веќе не се трпи , 20 и нешто години трпиме . Ниедна куќа во село Оризари не должи ни денар, рече Фаредин Дестани, секретар на месна заедница

Поддршка на граѓаните на протестот даде и градоначалникот на Општина Липково , кој побара да им биде вклучена електричната енергија , а доколку некој не плаќал сметки законски тогаш поединечно нека биде исклучен .

Жителите на село Оризари ги плаќаат сите фактури, ако има некој што не платил има како законски да се постапи . Има многу поплаки и жалби од сите страни, не може да има прекин на струја , рече Еркан Арифи, градоначалник на Општина Липково .

 Снабдувањето со електрична енергија по синоќешниот втор  дефект, кој според ЕВН бил исто така предизвикан од мештаните на Слупчане е нормализирано во селата Ваксинце, Алешевце, Руница , Извор и Белановце . Кратко без електрична енергија синоќа беше и граничниот премин Табановце.

Целиот проблем настана поради тоа што екипи на ЕВН од вчера не можат да работат на санација на дефект во Слупчане .  Од електродистрибуција велат дека нема да извршуваат редовни работни активности во селата во околината се додека не се создадат нормални услови за работа и не се загарантира безбедноста на вработените .  

Жителите на Слупчане пак од ЕВН побарале да им бидат простени досегашни долгови кои достигнувале и неколку илјади евра, без разлика колку ќе потрошат да им биде наплатувано максумум 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања. За ова  од Министерството за економија порачаа дека секој мора да си плати онолку колку што ќе потроши.  Според податоците на ЕВН загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто.

Кристина Алексиеска