Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Костовски: Работно лето во Бутел со нова поликлиника, градинки и инфраструктурни вложувања

Општина Бутел ја започнува летната градежна сезона со засилена динамика на реализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Бутел ја започнува летната градежна сезона со засилена динамика на реализација на инфраструктурни и капитални проекти, соопшти градоначалникот Дарко Костовски. Како што посочи во неговиот фејсбук статус, ова „работно лето“ ќе биде одбележано со голем број инвестиции насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните, при што клучен проект е изградбата на нова поликлиника, чија реализација, според најавите, ќе започне наскоро.

Во делот на згрижување на деца, општината предвидува изградба на три нови детски градинки – во Бутел 2, во Бутел 1 во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“, како и во Визбегово.

– Со одлична динамика напредува и изградбата на водоводот за Љубанци и Љуботен – наведува градоначалникот.

Реклама

Во патната инфраструктура, Костовски информира дека се инвестираат околу 150 милиони денари за реконструкција и асфалтирање на повеќе улици. Меѓу завршените се улиците „Боро Кралевски“, 21, 2, 1558, „Натанаил Кучевишки“, „Боро Менков“, „Ангел Мојсовски“, „Љубинка Басотова“ и „Александар Грличков“. Во наредниот период е најавен почеток на реконструкција и на улиците „Марко Крале“, „Костурска“ со два паркинг-простора, краци од „Бетовенова“, како и дел од „Боро Менков“.

Во статусот стои и дека Општината работи и на уредување на коритото на реката Серава во населбата Бутел, со изградба на пешачка патека и поставување урбана опрема, како и на изградба на два нови моста.

Во тек е и изградба на затворен пливачки базен во дворот на ООУ „Ацо Шопов“, додека новиот парк на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е во завршна фаза.

Во областа на спортот, при крај се спортско-рекреативните центри во Радишани и Кучевачка Бара, а во текот на летото се очекува почеток и на нов центар на улицата „Бетовенова“.

Во образованието, предвидени се надградба на ООУ „Ацо Шопов“, нови фасади на училиштата „Св. Климент Охридски“ и „Петар Здравковски Пенко“, реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“ и нова доградба на ова училиште.

Дополнително, се реализира и проект за целосна реконструкција на 60 пристапни патеки во населбата Скопје Север.

– Општина Бутел се развива во урбана и модерна општина, а ветувањата кон граѓаните се реализираат – истакнува Костовски.