Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Конференција во Скопје за зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка

Во Скопје денеска ќе се одржи конференцијата „Зајакнување на деловниот интегритет преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска ќе се одржи конференцијата „Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка“, посветена на прашања поврзани со транспарентноста, спречувањето на корупцијата и улогата на јавно-приватното партнерство во создавање предвидлива и одговорна деловна средина.

Настанот е организиран од М6 Едукативен центар во рамки на активностите на Француски фонд за борба против корупција (FLCC) – регионален проект финансиран од Агенција Франсез де Девелопман (AFD) и имплементиран од Expertise France, во партнерство со Амбасада на Франција во Република Северна Македонија.

На конференцијата поздравни обраќања ќе имаат министерот за правда Игор Филков, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер, заменик-директорката за добро управување во Expertise France, Полин Жирар, претседателот и сопственик на М6, Светозар Јаневски, како и извршната директорка на М6 Едукативен центар, Елена Младеновска Јеленковиќ.