Реклама
Македонија

Комисијата за финансирање и буџет продолжи со амандаманска расправа по предложениот закон за игрите на среќа и забавните игри

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска на амандманска расправа дебатира за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска на амандманска расправа дебатира за повеќе од 50 амандмани поднесени на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, кој е во второ читање.

Според заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, со новиот закон се презема храбар и вистински чекор од Министерството за финансии и Владата во почнување на решавање на проблем, односно оној социјален негативен импакт што се случува во општеството полека да го решаваме.

-Овој закон од 2018 година се работи во Министерството за финансии, тоа се минати години со пропуштени шанси кои ги имале многу министри и влади да донесат едно решение кое ќе биде оптимално, но не и премногу ригорозно. За старт, ова е многу голема и храбра одлука на оваа Влада со поддршка на пратениците и после првото читање на законот воочив дека ќе имаме поддршка од сите пратеници. Никој не е против објектите да се тргнат од непосредна близина на училиштата, сите видовме дека има проблем со надворешните излози кои ги привлекуваат младите, никој нема против да се зајакнат критериумите за тоа кои луѓе може да се занимаваат со оваа стопанска гранка во општеството, а на јавната расправа бевме сведоци дека има желба за подобрување на овој закон. Затоа предлагаме решение на оддалеченост од 500 метри од основни и средни училишта да нема апарат-машини за игра, оние што сакаат да стават такви машини подалеку од 500 метри мора да стават JPS-контролен систем за да има дополнителна поврзаност со Управата за јавни приходи и дополнителна контрола од страна на државата, а надворешните излози, односно светлечки реклами нема да постојат. Ова е стартно решение за кое очекуваме поддршка од сите пратеници- нагласи Јанкуловски.

Реклама

На амандманската расправа, пратеничката Моника Зајкова презентираше европски искуства за начинот на организирање игри на среќа, како и влијанието врз младите, односно семејства кои се соочиле со овој вид зависности.

-Другите држави не случајно се штитат од овој феномен. Едно од поновите истражувања во Македонија покажа дека лицата под 25 години дури 71 насто од испитаниците играле игри на среќа, а 50 насто од учениците во фокус групите играле игри на среќа секој ден. Ако сакаме да направиме нешто што ќе ги штити граѓаните, особено младите тогаш мора да се земат примери од високоразвиените земји, нагласи Зајкова.

Амандаманската расправа за предложениот закон за игрите на среќа и забавните игри што го води Комисијата за финансирање и буџет е во тек.