Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Комисијата за одбрана и безбедност ја проследи предлог-одлуката за испраќање двајца припадници на АРМ во УНИФИЛ во Либан

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследи на натамошна постапка предлог-одлуката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследи на натамошна постапка предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации УНИФИЛ во Република Либан.

За учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации УНИФИЛ во Либан се испраќаат двајца припадници на Армијата за период од шест месеци, сметано од август 2026 до февруари 2027 година.

Подготовките и организацијата на припадниците на Армијата за учество во меѓународната операција ги врши Министерството за одбрана.

Реклама

Заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани истакна дека се работи за стандардна одлука, која е донесена врз основа на членот 41 став 1 од Законот за одбраната. Двајцата членови на активниот воен персонал, припадници на резервните сили на Армијата, се испраќаат во операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, надвор од територијата на републиката. Потенцира дека финансиските трошоци за транспорт, плати и надоместоци на плати и логистичките трошоци на припадниците на Армијата за учество во меѓународната операција ги обезбедува Министерството за одбрана. Тој посочи дека се работи за ротација бидејќи, како што рече, ние и порано имавме припадници во оваа мисија.