Реклама

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

Македонија

Клековски: Се смирува епидемијата во Гостивар, се следат случаите на заболени од вектор-преносливи болести

Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај, што е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај, што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи – соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање.

– Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз основа на епидемиолошките анкети ќе се утврди дека веќе нема случаи поврзани со градскиот водовод во Гостивар. Оваа бројка на нови болни може да бидат од сосема други причини – рече Клековски.

Министерот рече дека ваквото намалување се должи на подобрување на квалитетот на водата во градскиот водовод бидејќи веќе неколку дена водата соодветно се хлорира и очекува намалување на бројката, но, вели, сепак Управувачкиот комитет по дополнителните проверки, треба да каже кога водата ќе е соодветна за пиење и подготовка на храна.

Реклама

– Штом нивото на резидуален хлор ќе биде постигнато во сите крајни точки, Управувачкиот комитет ќе каже дека водата е соодветна за пиење и за подготвување храна – рече Клековски.

На денешната прес-конференција Клековски информира дека се потврдени три нови случаи на вектор-преносливи болести, два на Инфективната клиника и еден на Неврологија, кој има само една потврда. Министерот објасни дека се прават разни тестови за случаите нагласувајќи дека веднаш се прават епидемиолошки анкети.

– Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести, која заседава по ова прашање, е дека надвор од случаите што се поврзани со Грција има и случаи што, дефинитивно, не патувале надвор од земјата и со место на живеење се во подрачјето на Скопско Поле – рече министерот.

Тој рече дека се преземени стандардните мерки, дезинфекција на подрачјето од 200 метри радиус од местото на живеење, процес што го спроведува Центарот за јавно здравје Скопје, нагласувајќи дека е тоа нивна, а не обврска на општината.

– Во согласност со препораките и мапирањето на случаите, ќе видиме дали ќе треба да се јави дополнително прскање од земја, така што Институтот за јавно здравје, Комисијата за заразни болести работи на мапирање на случаите и ќе се преземат дополнителни мерки. Досега, колку што знам, само за еден случај од Велес се чека епидемиолошката анкета таму за да видиме каква е поврзаноста – рече Клековски.

Одговарајќи на новинарски прашања за нови информации за состојбата во Гостивар, министерот рече дека постојано се прават проби и на резидуалниот хлор и на присуството на бактерии, параметрите се подобрени и кога ќе се исполнат условите, ќе чека на дефинитивна одлука од Управувачкиот комитет. Тој верува дека до крајот на неделата можно е да се донесе таква одлука повторувајќи дека се преземени повеќе мерки, хлорирање.

– Сметам дека веќе квалитетот на водата значително е подобрен, дека тоа е поврзано со падот на бројот на новорегистрирани случаи – рече Клековски.

Прашан за западнонилската треска, дали ќе има дополнителни препораки за сите или за ризичните групи, Клековски рече дека 80 отсто од случаите поминуваат асимптоматски. Лани, како што објасни министерот, е воведено и задолжително сезонско тестирање на даруваната крв на трансфузија за да се осигурат дека нема да биде еден од векторите на пренесување на овој вирус.

– Огромен број се асимптоматски, оние што се симптоматски се од повозрасната група 60+ и се поврзани со коморбидитети. Комисијата за заразни болести работи постојано, сега фокусот веќе од предминатата седница од Гостивар е префрлен на вектор-преносливите болести и штом ги имаме резултатите од нивните препораки, ќе ги направиме. Во моментот се тие што ги соопштив вчера – рече Клековски.

Тој рече дека ќе следува интервентен увоз и за лекови, вклучувајќи и за маларијата.