Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Камерен концерт насловен „Неочекувани поврзувања: Класичната музика и светот на тангото“

Во рамки на Скопско лето вечер во 20:30 часот во Музејот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Скопско лето вечер во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи камерниот концерт насловен „Неочекувани поврзувања: Класичната музика и светот на тангото“ на ФЕЈМС Институтот.

-Ова е втор концерт на јулската концертна серија на ФЕЈМС Институтот и ќе се одвива под водство на реномираните уметници Веско Ешкенази и Стојан Караиванов, со учество на пијанистката Викторија Бојанова, велат организаторите. 

Веско Ешкенази е концертмајстор на Concertgebouw Orchestra од јануари 2000 година, а претходно бил концертмајстор и на Netherlands Chamber Orchestra и Netherlands Philharmonic Orchestra. Добитник е на награди од престижните натпревари „Wieniawski“ (Полска, 1985) и „Carl Flesch“ (Лондон, 1988), а настапувал со оркестри како Royal Philharmonic Orchestra и London Philharmonic Orchestra, под диригентско водство на имиња како Yuri Bashmet, Colin Davis, Carlo Maria Giulini, Kurt Masur и Seiji Ozawa.

Реклама

Стојан Караиванов е првиот бугарски бандонеонист на класичен аргентински систем. Настапувал на значајни фестивали како „European Music Festival“, „Sofia Music Weeks“ и „Apollonia Arts Festival“, како и на бројни меѓународни фестивали во Австрија, Швајцарија, Германија, Русија, Италија, Македонија, Босна и Херцеговина и Кипар.

-Од Моцарт и Менделсон до танго нуево на Пјацола, програмата ја истражува трансформацијата на музичкиот израз низ класичната музика, тангото и филмските звучни светови. Преку богат и разновиден репертоар, публиката е поканета на патување кое ги открива врските помеѓу традицијата и иновацијата, истакнувајќи ја моќта на ритамот, бојата и раскажувањето низ различните музички жанрови, се вели во соопштениет од организаторите на Скопско лето. 

Овој концерт е завршен настан на шестдневната едукативна програма на ФЕЈМС Институтот, во рамки на која млади професионални класични музичари од цела Европа престојуваат во Скопје и, под менторство на Веско Ешкенази и Стојан Караиванов, работат на избраниот репертоар во професионално опкружување, а потоа го изведуваат на сцена, применувајќи ги новостекнатите уметнички и технички знаења.

ФЕЈМС Институтот, основан во 2021 година, во рамки на светски познатиот FAME’S Project, кофинансиран од Европската Унија преку програмата Креативна Европа и Министерството за култура на Република Северна Македонија, им овозможува на млади класични музичари од Европа да учествуваат на мастер класови и професионални студиски снимања. Институтот ја поврзува класичната обука со современи индустриски практики, вклучувајќи оркестарски снимања и крос-жанровска соработка. До денес, повеќе од 450 студенти од 31 земја учествувале во нашите целосно финансирани програми.