Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

Како Љупчо Николовски еден месец живее без дебитни и кредитни картички?!

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски повеќе од 40 дена живее без платежни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски повеќе од 40 дена живее без платежни картички.Како плаќа, како пазари како функционира? По оправдувањето дека ги изгубил дебитните и кредитните картички додека бил во Брисел и затоа не знаел колкаво покачување на плата добил. Се поставува прашањето нема ли министерот мобилна апликација па да знае кога и колку пари добива на сметка?

Не стивнуваат и реакциите на социјалните мрежи – граѓаните прашуваат од што живее министерот последниот месец откако останал без картичките.

  • Е од што живее нека каже? А што има веза ако ги изгубил, банките го знаат неговото примање и колку пари има на сметките. Синко па немаш ли е-банкинг? Па како до функции кога немате електронско банкарство? Електронско банкарство користи или не знае како да го користи ? – ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Министерот Николовски е само еден од владините функционери чии плати пораснаа за 78 отсто. Тој пред новинарите не кажа на што ќе ги троши парите, туку рече кога ќе ги добиел ќе ги донирал.

Реклама
  • Платежните картички ги изгубив во Брисел, и не знам колку пари имам на сметка, односно не знам колку плата добив, рече министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Николовски не е единствениот владин претставник кој јавно одбива да каже колку му изнесува платата. Претходно и други министри во тимот на Ковачевски бараа разни изговори.

Инаку, од месецов околу 1.000 функционери добија зголемени плати за април, а граѓаните тоа годишно ќе ги чини над 15,5 милиони евра.

Ања Лукарова