Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

И покрај сите контроверзи, Владата поставува камен темелник на проектот за нови автопати

Помпензна бина со тепих во форма на автопат, говорница со број 8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помпензна бина со тепих во форма на автопат, говорница со број 8 , хеликоптери на небото, полиција на секој чекор и затворен автопат- сето ова за отворање на табла.  Владините министри, коалиционите партнери, пратеници, директори на Јавни претпријатија, амбасадори и министри од соседството направија вистинска забава на наплатната патарина на автопатот Тетово – Гостивар за поставувањето на камен темелникот на Коридорот 8.

На свечениот настан , Премиерот Димитар Ковачевски порача дека изградбата на предвидените коридори, ќе ја направи земјава главна крстосница, а со ова се гледале нивните храбри одлуки .

Реклама

Денеска започнува силна градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8. Камен-темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура, тоа е камен-темелник и на нови инвестиции, отворање нови пазари, можност за нови соработки како меѓу домашните, така и со меѓународни компании, рече Ковачевски.

Неговиот заменик пак  Артан Груби , кој инаку е носител на проектот, беше толку возбуден што дури на себе носеше маичка со бројот 8, а неговиот говор личеше како да добил оскар па се заблагодаруваше на цела Влада. 

За важноста на проектот, во нејасно каква функција  говор одржа и лидерот на ДУИ Али Ахмети

Меѓу присутните беше и амбасадорката на САД , Анџела Агелер која порача дека ова е важен ден и за САД и за Македонија и проектот е повеќе од обична инвестија и е важна инвестиција за сите земји

Автопатите треба да чинат 1.3 милијарди евра, а со оглед на тоа дека нема проект веројатно и многу повеќе.  Рокот за изградба е 5 години, а  изведувач е турско – американскиот конзорциум „ Бехтел и Енка “ . Од Компанијата Бехтел порачаа дека се почестени што се избрани за изградбата и проектот ќе придонесе многу за локалното население.

Инаку, најмногу контроверзии околу овој проект е изборот на фирмите и експертите кои ќе го вршат надзорот .22,3 милиони ќе завршат во фирми кои ги тресат скандали, а експертите ќе бидат платени со баснословни паушали. Едната компанија  е во сопственост на Бранимир Димитријевиќ кој е баран со потерница во Ерменија за криминал при надзор, а другата компанија Електра солушнс која ќе добие и најмногу пари, најголемо искуство во работењето стекнала со производство на долна облека.

По сите контроверзии кои излегоа во јавноста во врска со надзорот , Обвинителството отвори предмет по допрен глас.

Кристина Алексиеска