Фекални бактерии во водата во Гостивар – ова се првичните неофицијални резултати од Институтот за јавно здравје, дознава Алфа од свои извори. Надлежните институции детали од извештајот официјално не откриваат, но тој е готов и е испратен до Обвинителство. Од таму инсистирале да не се споделуваат резултатите со јавноста, за да не се наруши истрагата. Бројот на граѓани со труење расте. Едно дете и тројца возрасни се хоспитализирани. Водата во Гостивар и натаму не е доволено ниту да се пие, ниту да се користи за миење.