Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Истражување на ЦГК: Институциите потрошиле милиони за нови службени возила

Пасати, Тигуани, Ауди 6, БМВ…. ова се дел од марките од речиси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пасати, Тигуани, Ауди 6, БМВ…. ова се дел од марките од речиси 400 возила кои си купиле државните институции од буџетски пари. 8,1 милиони евра пари на граѓаните се искеширани за луксузнбите возила последниве 2ипол години, покажува последното истражување на Центарот за граѓански комуникации.

Иако Македонија е константно пред економски колапс, тоа не предомисли 132  институции сега да си имаат нови возила, а средната цена по автомобил е 17 000 евра.

Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „Пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра, стои во анализата од Центарот за граѓански комуникации.

Реклама

Меѓу марките возила убедливо водат „Шкода“ и „Фолксваген“ од кои се купени 88 нови возила, односно скоро половина од сите. Кај „Фолксваген“ води моделот „Пасат“ со 53 возила, додека половина од набавените возила од марката „Шкода“ се од моделот “Октавија“.

Од фирмите, најголема вредност на договорите имаат „Порше лизинг“ со 3 милиони евра, кумановската „Делукс-ауто“ со 1,2 милиони евра, „Еуроимпекс“ со 890 илјади евра и битолската „Јосифов“ со 720 илјади евра. 

Конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила речиси и да не постоела. Дури на 71% од тендерите имало само по една понуда и покрај големиот број дистрибутери на нови возила во земјава, пишува во анализата.

Споредбено со 2013,2014,2015 година кога институциите потрошиле 5,3 милиони евра за автомобили, во последниве 2ипол години се потрошени 2,8 милиони повеќе односно 69 нови возила повеќе, што  е за 18 % повеќе.

Недомаќинското рабтоење на власите се покажува и во истражувањето за трошење на општинските пари, според кое локалните власти вкупно потрошиле 130 милиони евра или 30 милиони повеќе од лани. Убедливо најголем раст во вредноста на тендерите има Град Скопје кој е прв на листата на најголеми трошаџии.

По Скопје е Тетово , а потоа Битола. 

Мери Ѓорѓиевска