Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

По претходно недоразбирање во сообраќајот вчера на улица во скопско Црниче автомобил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По претходно недоразбирање во сообраќајот вчера на улица во скопско Црниче автомобил најпрво удрил во мотоцикл, а откако возачот се подигнал, удрил неколку пати во моторот и уште едно возило, по што возилото го напуштило местото. Случајот во полиција го пријавил 29-годишниот возач на мотоцикл, кој по инцидентот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. 

Случајот, како што информираат од МВР, е пријавен вчера во 18:20 часот во СВР Скопје.

-Пријавено е дека на улица „Рилски Конгрес“ во Црниче, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44). Потоа, според пријавеното,  Г.Н. се фатил за предната врата на возилото „пежо“, но тоа продолжило да се движи и да го влече неколку метри, по што Г.Н. паднал, а лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Г.Н. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош- се вели во соопштението од МВР. 

Реклама

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.