Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Измените и дополнувањата на Законот за студентскиот стандард проследени на натамошна постапка во Собранието

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, се проследува на натамошна постапка во Собранието – заклучи денеска на седница собраниската Комисија за образование, наука и спорт. 

Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска.

Комисијата не прифати шест амандани поднесени од група пратеници од ДУИ и Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.

Реклама

Пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија во образложението од амандманите рече дека предложената возрасна граница од 30 години на студент што аплицира за сместување во дом може непропорционално да погоди социјално ранливи категории студенти за кои во законот има посебна одредба во член 25 – лица без родители и родителска грижа и лица со попреченост и ако е поради објективни причини, тие често подоцна се запишуваат или нивното студирање подолго трае.

Во врска со образложението на предложената забрана од 1 до 5 години за сместување во студентски домови за студенти што ќе сторат потешка повреда на куќниот ред, ќе направат штета на инвентарот, ќе бидат фатени со алкохол или други супстанции или доколку се констатира навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување…, тој рече дека таа е потпишана без критериуми според кои надлежните органи го одредуваат конкретното траење на тие граници што создава ризик од произволно изнесување и нееднаков третман во одделни случаи бидејќи ќе се остави на универзитетите тоа да се регулира со статути и ќе има разни аршини на казнување.

Потенцира дека забраната за сместување на студентите може да ги оневозможи да користат сместување во кој било дом во државата.

– Предлог-законот пропишува рок од осум дена за поднесување приговор, но не пропишува рок во кој надлежниот орган мора да одлучи по приговорот што може да се објасни како да ја обесмисли правната заштита ако долго трае бидејќи тие мора да бидат сместени некаде. И во опкружувањето секаде е 15 дена. Во врска со одлучување на приговорот, мора да се дозволи управна постапка за потешки дела. Не може да има измени и дополнувања без преодни завршни одредби. Ако носите закон и немате предвидени преодни завршни одредби, ќе дојдеме до судир со Уставот. Затоа предлагаме почнатите постапки да течат по стариот закон – додаде Мурати образложувајќи ги амандманите.