Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Изложба „Архив на тага: Скопје 1963″ и промоција на дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“

Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Архив на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот, а воедно ќе биде  промовирано и дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival Materials of Vasil Hadzimanov)” од Ана Мартиноска и Жарко Иванов.

-Книгата и изложбата отвораат два влеза во истиот архив: преку зборот и преку фотографијата, преку гласовите на жените што ја оплакувале загубата и преку погледот што ги сочувал нивните лица, движења и обреди. Овие архивски материјали, повеќе од шест децении недостапни за јавноста, денес сведочат за тагата како лично искуство, заеднички обред и дел од културната меморија на градот, велат автоирте на книгата.

Кога во 2023 година ја објавивме книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“, додаваат, нашата првенствена намера беше пред научната и пошироката јавност да претставиме еден долго време недостапен корпус од македонското фолклорно наследство.

Реклама

-Ракописните и звучните записи што Хаџиманов ги создал непосредно по катастрофалниот земјотрес, на погребите и помените на жртвите, повеќе од шест децении останале расеани во неговата архивска оставнина. Нивното пронаоѓање, дигитализирање, расчитување и приредување ни овозможи да ги вратиме во јавниот и научниот простор гласовите на луѓето што својата загуба ја изразувале преку еден од најстарите, а истовремено и најмалку проучуваните фолклорни жанрови. Книгата ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајно научно остварување, како и наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за придонес во науката и книжевноста поврзан со градот и со неговото историско паметење, посочуваат авторите.

Нагласуваат дека Дополнетото и двојазично издание„Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival Materials of Vasil Hadzimanov)”, прво во ваква форма, произлезе од интересот за книгата надвор од македонскиот научен простор, но и од сознанието дека работата со архивата на Хаџиманов не беше завршена со изданието од 2023 година.

-Натамошното пребарување донесе дополнителни белешки и фотографии што тој ги направил во разурнатото Скопје, на гробиштата во Бутел и при погребните обреди. Дел од овие документи се вклучени во ова издание и го прошируваат сведоштвото за околностите во кои биле снимани тажачките песни. Ова издание е дополнето и со музиколошки прилог на Вера Милошевска-Јосифовска, кој ја проширува анализата на мелодиските, ритмичките и изведувачките особености на материјалот, прецизираат авторите.

Особено значајна новина, нагласуваат, е англискиот превод на Милан Дамјаноски, со кој научните прилози и објавените тажачки песни стануваат достапни за меѓународната научна јавност. Преведувањето на еден ваков корпус поставува специфични предизвици. Дијалектните форми, роднинските називи, вокативните обраќања, повторливите тажачки формули и значенските нијанси на усната изведба не секогаш имаат непосредни еквиваленти во англискиот јазик. Во преводот се настојува да се зачува документарната вредност на записите, а притоа да се овозможи нивно читање и разбирање надвор од македонската јазична и културна средина. Двојазичниот распоред му дава можност на читателот непосредно да го споредува оригиналот со преводот и да ги согледа местата каде што јазичната и културната специ фичност бараат дополнително толкување.

-Изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“ (фото графии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди), чијшто авторски концепт го подготвивме во соработка со фотографот-документарист Иван Блажев од Архив МАНУ „Харалампие Поленаковиќ“, за првпат ќе претстави дел од досега неприкажаните фотографии што Хаџиманов ги направил на скопските гробишта по земјотресот. Фотографските сведоштва за погребните и тажачките обреди ќе бидат поврзани со дигитализираните звучни записи, така што посетителите истовремено ќе можат да ги гледаат визуелните документи и да ги слушаат гласовите на жените што ги оплакувале своите блиски. Со спојувањето на сликата и звукот, архивскиот материјал добива нова музејска и меморијална форма, а промоцијата на дополнетото двојазично издание станува дел од поширокото одбележување на делото на Хаџиманов. Неговиот исклучителен собирачки, мелографски и документаристички труд сè уште не е целосно истражен, а голем дел од оставнината останува предизвик за идни проучувања. Се надеваме дека книгата и изложбата ќе придонесат неговото дело да добие повидливо место во историјата на македонската фолклористика, етномузикологија и визуелна култура и дека ќе поттикнат натамошно објавување и проучување на материјалите што ги собирал со децении, порачуваат авторите на книгата.