Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Избрани основни јавни обвинители на обвинителствата во Охрид, Дебар, Радовиш и Кочани

Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе нов Деловник за работа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе нов Деловник за работа и избра повеќе основни јавни обвинители и јавни обвинители во неколку обвинителства низ државата. Дел од избраните кандидати и досега раководеле со обвинителствата.

Советот едногласно ги избра Стојанче Арнаудовски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Охрид и Неат Сурои за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Дебар. За Основното јавно обвинителство Кичево не беше извршен избор бидејќи немаше пријавени кандидати на огласот и најавија дека после одморите ќе биде објавен нов оглас.

Советот ја избра и Билјана Стевчева за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Радовиш, како и Борче Јанев за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Кочани. И двајцата кандидати добија по 11 гласа „за“,

Реклама

На седницата беше донесена и одлука за избор на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Ресен, при што беше избран Ерол Шериф, а едногласно за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје го избраа Зоран Марковски.

Во образложенијата на членовите на Советот, кои поединечно се изјаснуваа за секој кандидат, беше посочувано дека е важно што на огласите воопшто има пријавени кандидати за раководните места во обвинителствата, имајќи го предвид недостигот на обвинителски кадар во повеќе средини.

Не беше извршен избор на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Крива Паланка, откако беше констатирано дека кандидатот не ги исполнува законските услови. Од истата причина не беше извршен ниту избор на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Кочани по огласот за оваа позиција.

На почетокот на седницата, членовите на Советот го усвоија и новиот Деловник за работата на Советот на јавните обвинители.