Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Зелената транзиција со пресметана добивка: GreenProfit360 им посочува на компаниите колку навистина можат да заштедат

Наместо зелената транзиција да ја доживуваат како неизвесен трошок, микро, малите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо зелената транзиција да ја доживуваат како неизвесен трошок, микро, малите и средните претпријатија отсега ќе можат однапред да ја пресметаат нејзината економска исплатливост. Консултантската компанија Импакт Вајс Солушнс ја претстави на пазарот GreenProfit360, практична Excel-алатка што овозможува компаниите да ги анализираат своите трошоци, потрошувачката на енергија и емисиите на јаглерод диоксид (CO₂), со јасна проценка каде постои најголем потенцијал за заштеда.

Развојот на алатката е резултат на претходно истражување спроведено меѓу компаниите, кое покажало дека интересот за зелени практики е значителен, но нивната примена најчесто ја ограничуваат три фактори: недостиг на систематизирани податоци, неизвесност од каде да се започне и уверувањето дека зелените инвестиции се прескапи.

Според анализата, најголемите можности за намалување на трошоците се поврзани со енергетската ефикасност, модернизацијата на опремата и поефикасното управување со отпадот.

Реклама

„Зелената транзиција не е поединечна активност, туку стратешки процес што бара системски пристап. Затоа најпрво мериме, анализираме и ги претвораме податоците во конкретни деловни решенија што носат реална економска вредност“, изјави Јасна Пајковска, управителка на Импакт Вајс Солушнс.

Таа посочува дека значителен дел од потенцијалните заштеди остануваат незабележани, бидејќи голем број компании не ја следат континуирано својата потрошувачка.

„Кога нема мерење, нема ниту вистинска слика за состојбата. Токму таму се кријат можности за оптимизација што често можат да се реализираат и без значителни инвестиции“, нагласува Пајковска.

GreenProfit360 овозможува симулација на различни сценарија, поточно од подобрување на изолацијата и оптимизација на системите за греење и ладење, до воведување обновливи извори на енергија и модернизација на опремата. За секоја предложена мерка алатката веднаш го пресметува влијанието врз трошоците, потрошувачката на енергија и емисиите на CO₂.

„Компаниите повеќе не мора да носат одлуки врз основа на проценки. Добиваат споредливи сценарија, финансиски анализи и јасно дефинирани приоритети за идните инвестиции“, додава Пајковска.

Според неа, зелената транзиција денес претставува инвестиција што носи двоен ефект, однамалување на оперативните трошоци до зголемување на конкурентноста.

„Одржливото работење веќе станува услов за успешно позиционирање на пазарот. Компаниите што ќе започнат навреме ќе бидат чекор пред конкуренцијата“, вели таа.

Нејзината препорака до компаниите е едноставна, да не чекаат идеални услови, туку веднаш да започнат со мерење, анализа и постепено воведување на мерки што ќе создадат долгорочна економска и еколошка корист.

GreenProfit360 е развиена во рамките на проектот „Забрзување на зелената транзиција за одржлив раст на ММСП“. Тој се спроведува во рамки на проектот „Енергетска ефикасност во градежништво и реновирање“ како дел од програмата RECONOMY – регионална програма за инклузивен и зелен економски развој, финансирана од Swedish International Development Cooperation Agency (Sida), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во партнерство со Центарот за Промоција на Одржливи Земјоделски Практики и Рурален Развој – ЦеПроСАРД. Импакт Вајс Солушнс ДООЕЛ е консултантска компанија од Скопје специјализирана за развој на бизниси, зелена транзиција, поддршка на микро, мали и средни претпријатија и социо-економски развој.