Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

„Звуците на Големата Степа“ и „Сина сенка“ вечер пред скопската публика

Паркот на Франкофонија и Едукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе бидат локации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паркот на Франкофонија и Едукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе бидат локации каде што ќе се одржат два културни настана што на публиката ќе ѝ понудат музичко-сценско и театарско доживување.

Во организација и соработка со Амбасадата на Казахстан, во 20:30 часот во Паркот на Франкофонија ќе се одржи вечер на традиционална музика и танц од Казахстан насловена „Звуците на Големата Степа“.

На настанот ќе настапат етно-групата „Tarlans“ и кореографскиот ансамбл „Ayala“, кои преку традиционални казахстански инструменти, современи етно-аранжмани и кореографии инспирирани од духот на Големата Степа ќе го претстават богатото културно наследство на Казахстан. Организаторите најавуваат вечер што ќе ги спои музиката, танцот и традицијата и ќе ја доближи казахстанската култура до македонската публика. Влезот е слободен.

Реклама

Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ во 20:30 ќе биде изведена театарската претстава „Сина сенка“ на Независниот театар „Златен елец“, во режија на Тамара Стојановска.

Претставата е реализирана во соработка со американскиот автор Брајан Рејнолдс и за првпат се поставува пред македонската публика. Делото се занимава со современите општествени состојби, системите што генерираат насилство и механизмите преку кои стравот се користи како средство за контрола и профит. Преку сценската приказна се отвораат прашања за влијанието на медиумите, улогата на фармацевтската индустрија и големиот капитал, како и за позицијата на поединецот кој истовремено станува жртва и производ на општествениот систем.