Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Затворена за сообраќај штипската улица Борис Кидрич, се работи на подземната инфраструктура

Затворена е за сообраќај улицата Борис Кидрич во Штип, каде што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затворена е за сообраќај улицата Борис Кидрич во Штип, каде што се почнати градежни активности за промена на подземната инфраструктура. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изврши увид во градежните работи и истакна дека оваа улица која е една од централните во градското подрачје се реконструира во овој период, бидејќи има помалку гужва во сообраќајот.

​-Кога ќе биде заменета подземната инфраструктура наредните денови, истата ќе биде делумно ставена во функција, сè до нејзина конечна реконструкција, асфалтирање и ставање во употреба. ​Морам да напоменам дека овој термин и овој период од годината наменски е избран заради тоа што во овој период имаме најмала фреквенција на луѓе, на возила, заради отсуството на учениците, студентите, годишните одмори. Се одлучивме во овој период од годината да се зафати со ваква темелна реконструкција на неколку потези во градот-рече Јорданов.

​Тој замоли граѓаните да имаат разбирање и трпение, бидејќи оваа главна сообраќајница со децении не е реконструирана.

Реклама

Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека во тек е и санацијата на најголемиот мост на река Брегалница на булеварот Гоце Делчев, каде што има изменет режим на сообраќајот додека се одвиваат градежните активности. 

-​Паралелно на овие активности, сигурно дека и во останатите населби ќе имаме активности каде што ќе се асфалтираат улици, ќе се реконструираат сообраќајници. По завршувањето на овие две клучни сообраќајници, како што е мостот на река Брегалница кај за народот познато „Македонијапат“ или на булевар Гоце Делчев и Борис Кидрич, друг мост кој ќе биде затворен и кој ќе биде реконструиран е мостот на Брегалница кај населбата 8 Ноември, односно Камениот мост-изјави Јорданов.

Тој истакна дека за да се започне со санација на Камениот мост, прво ќе  се заврши реконструкцијата на  мостот на булеварот Гоце Делчев и на улицата Борис Кидрич, а потоа градежната фирма ќе почне со градежните активности.