Реклама

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Македонија

Започнува платформата „Чаир во ритамот на здравјето“ со мерки за заштита од летните горештини

Здравјето и интересот на граѓаните е највисок приоритет. Во насока на превенција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравјето и интересот на граѓаните е највисок приоритет. Во насока на превенција во пресрет на најавените високи летни температури, Општина Чаир презема мерки за заштита и превенција на здравјето на граѓаните. Стручни тимови на општината направија проверка и санација на сите јавни чешми на територија на Чаир, а дополнително ќе бидат поставени и пунктови со вода, кои ќе бидат на најфреквентните локации, информираат од Општината.

Дополнително, нагласуваат, на јавни површини ќе бидат поставени медицински пунктови и волонтери кои ќе даваат совети за превенција, а ќе бидат обезбедени и основни лекарски прегледи. Во акцијата со совети и едукација ќе се приклучат и здравствените домови од Чаир, Центарот за јавно здравје и други институции.

Здравствената превенција во текот на летните горештини е прва активност од новата платформа на Општина Чаир „Чаир во ритамот на здравјето“. Се работи за долгорочна иницијатива чија цел е унапредување на здравјето, подигнување на свеста за значењето на здравствената превенција и градење на здрави животни навики кај чаирчани.

Реклама

– Во услови на брз и динамичен живот, превенцијата на здравјето на граѓаните и градењето на здрави животни навики е приоритет. Чаир е општина која не се грижи само за инфраструктурата, туку и за луѓето, бидејќи тие се најважни. Ние не реагираме само кога ќе се појави проблем, туку навреме започнуваме со активности кои ќе одговорат на најголемите предизвици на современиот живот – навремена здравствена превенција. Ги повикувам граѓаните активно да се приклучат во активностите, бидејќи здравјето е наш најголем дар. Воедно, сите активности ќе бидат бесплатни и достапни за граѓаните- вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Платформата „Чаир во ритамот на здравјето“ ќе опфати различни активности поврзани со јавното здравје, превенцијата, активниот живот и физичката активност, здравиот начин на исхрана и грижата за најранливите категории граѓани. Ќе има и едукација и информирање во насока на подигнување на јавната свест на граѓаните.

-Активностите ќе бидат реализирани со стручни лица од различни области, како што се: медицина, нутриционизам, спортски активности и едукација. Интерес за приклучување кон платформата веќе изразија поединци кои се занимаваат со области поврзани со здравјето на луѓето, соопштуваат од Општина Чаир. 

Преку платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, Општина Чаир, како што нагласуваат оттаму, ја потврдува својата заложба да биде општина која не само што инвестира во инфраструктура, туку истовремено се грижи за здравјето на граѓаните и за подобрување на квалитетот на животот.