Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Започна жетвата на јачмен, замјоделците се жалат, министерот крева раменици

Започна жетвата на јачмен, но земјоделците немаат оптимистички прогнози.Годинава цената за килограм…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна жетвата на јачмен, но земјоделците немаат оптимистички прогнози.Годинава цената за килограм јачмен пониска од лани. Освен проблем со ниската цена ќе имаат и со приносите, бидејќи дождот си го земна данокот. За да изглезат на крај бараат повисока откупна цена. Во моментот килограм јачмен од овогодинешната реколта се продава најмногу до 9денари.

“Годинава имаше многу болести и плевел од дождовите. Некој ќе имаат и 150килограми род. Ретки се тие што ќе имат 400 до 500килограми. Лани цената беше 16,50денари, а сега е 8денари, веднаш да се исплати, а 9денари за 90дена“ се жалат земјоделците.

Но ресорниот министер не го дели мислењето со земјоделците. Неговата проценка е дека годинава ќе има богат род, а што се однесува до цената, тоа не зависело од нив, туку од берзата на светскиот пазар.

Реклама

“Повторно ја имаме највисоката цена во регионот и не е точно дека приносите се мали. Затоа барама да располагаме со точни и проверени информации и со факти“ изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Ако не се корегира откупната цена, земјоделците од Овчеполието стравуваат дека догодина ќе се намалат површините посеани со јачмен.

“Земјоделецот ќе нема опинци да носи, ако се продолжи вака. Струја скапа, храна скапа, репроматрејали скапи. 1800денари 50килограми ѓубре. Како ќе се издрже? Ако не фрлиш ѓубре, нема род“ реагираат земјоделците.

Министерот најави зголемување на висината на мерката за продаден јачмен. Оваа реколта сите земјоделци кои ќе произведат над 3тони од хектар ќе добијат по 12.000денари. Откако ќе заврши жетвата на јачменот, ќе почне жетвата на пченицата.

Александра Ристовскa