Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Замрзнувањето на цените е задоцената мерка, инфлацијата требаше да се засече во корен

Откако цените скокнаа до плафон и ги доведоа граѓаните на раб, Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако цените скокнаа до плафон и ги доведоа граѓаните на раб, Владата ќе замрзнува цени. Македонија со месеци живее во зона на двофицфрена инфлација, а најголем виновник за тоа е Владата која беше во улога на нем набљудувач.

Тоа што и им се дозволуваше на фирмите да прават што сакаат е причината за Македонија да има највисока инфлација во регионот, а граѓаните кај нас за одредени продукти плаќаат дури и поскапо од економско најразвиените земји.

Фирмите прават што сакаат, а Владата гледаше и беше нем наблудувач на тоа и можеби и го дозволуваше тоа. Млекото во Македонија е 83 денари, а во Австрија е 1 и 25 евра со масленост со 3 посто, во Македонија со 2,8 отсто е 80 денари. Нема никаква економска логика, никој не може да ме убеди мене дека во Македонија млекото мора да биде 80 денари , во Австрија се платите повисоки за пет отсто од во Македонија , има повисоки даноци, како тогаш млекото може да е повисоко во Македонија, вели Бранимир Јовановиќ .

Реклама

Инфлацијата нема да попушти, барем уште еден месец, кога треба да се искалкулираат ефектите од мерката за замрзнати цени. Јовановиќ очекува дека повторно ќе има дфоцифрена инфлација, но доколку мерката продолжи очекувано е статистички да падне. Замрзнување на цените е дефинитивно задоцнета мерка, но ако се прави потребно е да трае барем половина година.

Мерката е дефинитивно задоцнета, но како беше онаа изреката „ подобро некогаш отколку никогаш“. Добро е што Владата конечно одлучи да ги замрзне цените затоа што на сите им беше јасно дека овие мерки со замрзнување на маржите, со пониска струја не даваа резултати . Крајот на 2021 имавме ваква мерка но брзо се откажаа, вели Јовановиќ.

Македонија доживеа рекордна двоцифрена инфлација прв пат по 90- те, а доживеавме и сценарио како тогаш со празни равтови.  Јануарската инфлација беше 17 отсто, а веројатно толкава ќе биде бројката за февруари. Проекциите за позитивен економски раст ги намали и ЕБОР.

Кристина Алексиеска