Реклама

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Нов земјотрес во Венецуела, продолжува потрагата по преживеани под урнатините

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија продолжува – Се проверува цел синџир

Тошковски со отчет: Најнизок криминалитет во последните 20 години, за 300 проценти зголемена заплена на кокаин, „Сејф Сити“ спасува животи

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Прилози

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Правда, култура, односи меѓу заедниците, ова се трите нови Министерства кои ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правда, култура, односи меѓу заедниците, ова се трите нови Министерства кои ќе ги добие Влен.  Од позициите заминуваат Азир Алиу од здравство и Фатмир Лимани од социјална политика, демографија и млади. Албанскиот партнер во власта по реконструкцијата ќе има шест министерски места. Од оние кои претходно ги имаа, ќе им останат животна средина, економија и евроинтеграции. Таму ќе останат истите кадри, бидејќи во партијата се со став дека добро си ја вршеле работата. 

-Во пакетот кој што, Влен продолжува со владеењето, односно дел од мнозинството, владиното мнозинство. Тука останува Министерството за животна средина, Министерството за економија, правда, евроинтеграции, култура и Министерството за односи меѓу заедниците, тоа се шест ресорни министерства. Па се уште немаме финално име за Министерството за култура и за правда, тоа се две нови имиња, изјави Сали.

Влен  ги презентираше резултатите постигнати во минатите две години владеење. Сметаат дека биле успешни, успеале да исправат многу од погрешните политики и проблеми, кои им биле оставени од дводецениското владеење на ДУИ. Сали вели протестите организирани последниов период, се без основ и се политички монтирани.

Реклама

-Немаат никаков основ за обвинението кое вие го споменувате, дека ние сме попустливи, па не сме успеале да ги задржиме веќе достигнатите, зацртаните линии во интерес на граѓаните на граѓаните Албанци во државава. Туку напротив сето тоа што они го импровизирале во досегашното владеење, односно во нивниот период на владеење, ти импровизации денес се дел од проблемите со кои се соочуваме ние и ги решаваме еден по еден, изјави Сали.

Инаку во моментов на позициите кои остануваат за Влен од претходно, се Муамет Хоџа во животна средина, Бесар Дурмиши во економија и труд и Беким Сали во европски прашања. Финалното решение за новиот владин кабинет, ќе се знае во вторник, по Извршниот комитет на најголемата партија во владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ.

Матеја Петровски