Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Заменик министерот за економија и труд Ристески во посета на Центарот за вработување во Виница

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денес го посети Центарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денес го посети Центарот за вработување во Виница, при што оствари работна средба со вработените и раководителот на Центарот за вработување Орце Христовски.

На средбата се разговараше за реализацијата на мерките од Оперативниот план за вработување, со посебен акцент на интересот и одзивот на младите за користење на мерката за самовработување.

Заменик министерот Ристески истакна дека мерките за самовработување претставуваат значајна можност за младите луѓе да ги реализираат своите бизнис идеи, да стекнат претприемничко искуство и да создадат сопствена егзистенција.

Реклама


-Ги охрабрувам сите млади кои имаат идеја, желба и амбиција да ги искористат можностите што ги нуди Оперативниот план. Инвестицијата во младите претприемачи е инвестиција во економскиот развој и во иднината на државата – порача Ристески.


На средбата беше нагласена важноста од продолжување на активностите за информирање и мотивирање на младите да ги користат мерките за вработување и самовработување, со цел поттикнување на претприемништвото и отворање нови работни мест.