Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

ЕИБ: Македонија е во криза, па граѓаните и фирмите бараат спас во задолжување кај банките

Граѓаните и фирмите бараат спас од кризата во задолжување кај банките и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните и фирмите бараат спас од кризата во задолжување кај банките и покрај поскапите камати. Најновиот извештај на Европската инвестициска банка детектира зголемено кредитирање, но и заострување на кредитните услови во Македонија, но и во регионот. Она што загрижува е што проекциите за наредната година е дека трендот ќе продолжи и ќе се зголеми, а условите нема да се подобрат. Извештајот на ЕИБ покажува дека во наредните шест месеци ќе се зголеми и бројот на нефункционални кредити, односно тоа се кредити кои не се отплаќаат редовно. Ваквиот сигнал е неповолен, па оттука и очекувањата на Европската инвестициска банка во Македонија да нема дополнителни затегања на кредитната политика, туку да се направат напори за олеснување на условите за достапност до финансии:

„Банките очекуваат севкупната побарувачка за кредити дополнително да се зголеми во текот на следните шест месеци, иако со поумерено темпо, со барањата за обртни средства на фирмите за покривање на потребите за ликвидност како главен двигател. Фиксните инвестиции и малопродажните сегменти, вклучително и за потрошувачки кредити и домување, се очекува да се намалат“ – пишува во извештајот на ЕИБ.

Извештајот покажува дека во Македонија најпогодени од заострувањето на кредитните стандарди беа малите и средните фирми, но негативен ефект почуствувале и големите копмании. Зa 2023 година се предвидува пад на БДП на 3 проценти и забавена економска активност, но дека ќе расте побарувачката за кредити. Во Македонија ќе има зголемена побарувачка на потрошувачките кредити и на хипотеките. Според  економистите во ЕИБ , анкетата е важна за да се предвиди економската активност на земјите .

Реклама

Кристина Алексиеска