Реклама

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Економија

Државата среде лето ги санира каналите за наводнување во Тиквешијата, земјоделците стравуваат од огромни загуби

Во текот на цел јули, а можеби и до подоцна, државата ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на цел јули, а можеби и до подоцна, државата ќе ги санира дефектите на застарените канали за наводнување во Тиквешијата. Ова, откако на почетокот од месецов тиквешките земјоделци неколкупати излегуваа на протест, блокирајќи ги патиштата и барајќи итно решавање на хаваријата на сифонот „Макарија“ со што беше предизвикан прекин на водата во системот за наводнување на земјоделските површини. „Добро е што презедоа мерки да го решат овој децениски проблем, но тоа не се прави среде лето кога водата ни е најпотребна, а без притоа да не биде најдена алтернатива за наводнување додека трае саницијата“, реагираат тиквешките земјоделци.

„Наместо зимото да го сработат, сега, среќа некни што подзаврна малку, па тие првите праски, две-три сорти ќе наберат квалитет, а другите сорти, додека да се направи каналот, најверојатно ќе останат ситни така и ќе немаат квалитет. Капијата-пиперките што беа, луѓето не ги ни насадија, зашто без вода таа не се сади, не е тутун на колче да се сади. Луѓето си прават бушотини на нивни трошок, а тие можеа да најдат некоја линија, времено да направат хидро-пласт линија“, – вели Дано Јошев, претседател на Здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ од Кавадарци.

Освен за овошките, тиквешките лозари загрижени се и за лозјето, кое пак, после последните обилни врнежи фатило болест „пламеница“. Стравуваат дека родот годинава ќе им биде уништен и до 50 проценти, па затоа бараат за лозовите насади државата да прогласи елементарна непогода.

Реклама

„Преку 50 посто грозјето е оштетено. Сега, фактички листот е оштетен, а по листот и грозјето во цеветот и после цветот, ќе го снема и грозјето, ќе изгори. Тоа е од болест „пламеница“ од неверемето. Затоа ние сега бараме од државата да каже за цела држава каде што има лозови насади да се прогласи елементарна непогода од невреме и така да им се помогне на луѓето“, – објаснува Јошев.

Исто така, земјоделците од Тиквешијата, се жалаат дека се уште не им било исплатено ни обесштетувањето за штетите уште од 2021 година, што дополнително ги вознемирува и ги тера да се сомневаат дека воопшто ќе добијаат некаква навремена помош и за годинашниве се’ поизвесни големи штети кои веќе се евидентни. „Обесштетувањата се можеби минимални, но како што сме „отепани“ со години, секој денар ни е и повеќе од потребен“, велат тие.

Каролина Дурло