Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

До кога ќе молчи Ковачевски? Синот на Ахмети ќе гради фотоволтаична централа со гаранција за кредит од државата?

Во екот на најголемата економска и енергетска криза , бизнисот со фотоволтаици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во екот на најголемата економска и енергетска криза , бизнисот со фотоволтаици стана омилен за политичарите и нивните семејства .  Производството на струја од сонце е во подем , ама изгледа станува екслузивно прво за најблиските на оние кои се на врвот на државата

Најново,  синот  на коалициониот партнер  Ахмети ќе го проширува бизнисот со струја .  Откако како што беше објавено архитектот Шкумбин регистрираше фирма  и стана одговорно лице на друштвото за производство, трговија и услуги „ Тхеас Енергу Дооел “ во Зајас ,сега заедно со братучедите ќе градат фотолтаична централа од 60 МW во Кичево, вредна 35 милиони евра обелодени опозицијата . Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека е побаран  кредит  за ова од една банка за изградба на фотоволтаична централа и се сомневаат дека  била дадена барем усмена гаранција од Ковачевски дека бизнисот ќе се реализира . Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ пак му порача на  Ахмети да престане да го вплеткува семејството во криминалот.

„Тој човек, кој што себеси се претставуваше како борец за човекови права пред 20 години, изгледа раководен од неколкумина околу него, ќе заврши како човек длабоко вплеткан во криминал, но за жал, го вплеткува и сопственото семејство. Тоа не е добро. Би го советувал, да тие малкумина советници околу него кои што на овој начин го советуваат да испраќа пораки во јавноста – да им ги промени позициите или да престане на овој начин да го вплеткува семејството

Реклама

Колеги во енормно доходовниот бизнис со производство на струја се и сопругата и кумот на Ковачевски .  Елена Ковачевска е еден од петтмината сопственици на компанијата „ Сол груп 5 ДОО Скопје“ , која ќе гради 1.8 мегаватна фотоволтаична централа. Сопругата на Премиерот купи државно земјиште по само 70 евра за квадрат , ама Ковачевски не бил на седницата на која и се даде амин за ова земјиште. Парите пак  со кој инвестирала во бизнисот биле нејзини, нејзиниот сопруг немал никаква врска со нив.  

Тоа е нејзина инвестиција која ја има направено со свои сопствени средства. Без моја помош, зошто би имала помош од мене во таа работа. Тоа е инвестиција која може секој граѓанин на државата да ја направи и голем дел на граѓани инвестираат средства во приватни компании.“ кажа на 13.12. 2022 Димитар Ковачевски, Претседател на влада.

Енергетскиот бизнис стана фамилијарен во семејството Заеви .  Синот на поранешниот премиер Душко Заев, на 18 години основаше претпријатие за производство на електрична енергија – Тотал Енергџи во Струмица.

Братот и таткото на поранешниот премиер пак се на чело на Солар Грин Енерџи и минатиот месец почнаа да бараат соодветен кров од објект каде ќе ја поставан првата фотоцентрала од 315 киловати.