Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

„Донирај компјутер“ на Борче Стаменов денеска ја надмина бројката од четири илјади донирани компјутерски машини

„Донирај компјутер“ на кавадарчанецот Борче Стаменов денеска ја надмина бројката од четири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Донирај компјутер“ на кавадарчанецот Борче Стаменов денеска ја надмина бројката од четири илјади донирани компјутерски машини. Како што самиот објави попладнево на својот Фејсбук профил, денеска всушност е дониран и компјутерот со реден број 4.011.

– За многу луѓе, тоа е само бројка. За нас ова се 4.011 приказни. Го претставува детето кое конечно може да посетува онлајн – часови без да позајмува уред. Го претставува ученикот кој ја напишал својата прва домашна задача на својот компјутер. Ги претставува родителите кои за првпат почувствуваа дека нивното дете има исти можности како и сите други и дека не е заборавено. Пред десет години започнавме со една едноставна мисла: Дечки, имам една идеја ама не е ништо посебно. Започнавме со мислата дека местото каде што се раѓа детето и колку пари заработуваат неговите родители, никогаш не треба да ја одредуваат неговата иднина – напиша Стаменов, иницијаторот за оваа хумана иницијатива.

Патем потсети дека многумина ја сметаа идејата за смешна и невозможна.

Реклама

– И сепак денес повеќе од четири илјади семејства низ цела Македонија можат да посведочат дека невозможните работи стануваат можни кога луѓето ќе одлучат да не го свртат погледот. Оваа иницијатива никогаш не била изградена врз големи буџети, грантови, политичка поддршка или големи ветувања. Изградена е врз хуманост. Изградена е од граѓани кои ги донираа своите стари компјутери наместо да ги фрлат. Изградена е со помош на повеќе од стотина волонтери кои го дадоа своето време, знаење, викенди и безброј часови неплатена работа. Изградена е од компании кои препознаа искреност, транспарентност и желба да се помогне секому – истакна тој.

Притоа изрази посебна благодарност до некои од луѓето и компаниите, кои, како што нагласи, ја носеа оваа мисија на своите рамена од своите сами почетоци.

– Фактот дека иницијатива како нашата е неопходна треба да нѐ загрижи сите нас и дека треба да ставиме прст на чело. Затоа што пристапот до технологијата повеќе не треба да е луксуз. Тоа е пристап до образование. Тоа е пристап до знаење. Тоа е пристап до можности и ниедно дете во 2026 година не треба да биде оставено зад себе затоа што нема компјутер. Компјутерот број 4.011 затоа е и прослава и потсетник. Прослава на она што граѓаните можат да постигнат кога се обединуваат околу заедничка цел. И потсетник дека нашата работа не е завршена. Затоа што во Македонија некаде сѐ уште има дете кое чека. Училиште кое не изведува настава поради недостаток на соодветна опрема. Болница која пролонгира или одложува третмани поради немање алат за работа. Сите тие чекаат можност и подобри времиња, а време за чекање нема – подвлече тој.

Стаменов порача дека, додека постојат такви деца, ученици, студенти, училишта, болници, ќе постои и „Донирај компјутер“.

– Затоа што нашата мисија никогаш не беа компјутерите. Нашата мисија е достоинство, еднаквост и фер шанса за секого. И видете, ако мала група решителни луѓе успеале да променат повеќе од четири илјади животи, замислете што би можеле да постигнеме ако целото општество се движеше во иста насока. Благодариме на секој донатор, секој волонтер, секоја компанија, секој пријател на оваа иницијатива. Ова достигнување припаѓа на сите – напиша кавадарчанецот, кој има освоено бројни награди за оваа хумана иницијатива.