Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ДКСК запре и отфрли повеќе предмети поради постапување на надлежни институции

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница запре постапки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница запре постапки и отфрли повеќе предмети откако утврди дека по наводите од пријавите веќе постапувале надлежни институции или биле преземени мерки во рамки на нивните законски надлежности.

Меѓу предметите за кои Комисијата донесе одлука за запирање на постапката е анонимна пријава поврзана со исплата на додаток на плата од 15 отсто во Агенцијата за финансиска поддршка. По извршен вонреден инспекциски надзор, Државниот инспекторат за труд не утврдил неправилности во работењето на институцијата, по што ДКСК го затвори предметот.

Комисијата ја отфрли и пријавата против градоначалник на една општина која се однесувала на постапување во управна постапка за утврдување статус на бесправно изграден објект. Од приложената документација произлегло дека за случајот веќе постапуваат други надлежни органи, меѓу кои и Основното јавно обвинителство.

Реклама

Меѓу запрените предмети е и анонимна пријава за работењето на правно лице што врши погребални услуги. По барање на ДКСК, Државниот пазарен инспекторат спровел вонреден инспекциски надзор при што биле констатирани прекршоци и биле преземени соодветни мерки, поради што Комисијата оценила дека нема основ за натамошно постапување.

На седницата беа разгледани и други предмети во кои Комисијата донесе одлуки за запирање на постапките или за отфрлање на пријавите, врз основа на утврдувањето дека по наводите веќе постапувале надлежни институции или биле спроведени соодветни контроли и надзори.