Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Димитровски на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“: Не бараме гаранции за членство во ЕУ, туку уверување дека преговорите нема да зависат од прашања на историјата и идентитетот

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Рим учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа на покана на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио  Тајани.

На средбата учествуваа министрите за надворешни работи од земјите – членки на Европската Унија и од Западен Балкан, како и високи претставници на институциите на Европската Унија. Во фокусот на дискусиите беа иднината на политиката на проширување, европската перспектива на Западен Балкан и улогата на регионот во зајакнувањето на европската стратешка автономија.

Во рамки на дискусијата посветена на политиката на проширување, заменик министерот Димитровски истакна дека проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и отпорноста на Европа, нагласувајќи дека пристапниот процес мора да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, со полноправното членство во Европската Унија како единствена крајна цел. 

Реклама

Тој посочи дека нашата земја останува цврсто посветена на спроведувањето на неопходните реформи, при што нагласи дека напредокот кон членството треба да се оценува исклучиво врз основа на исполнувањето на Копенхашките критериуми и постигнатите реформски резултати.

– Важно е да нагласам дека не бараме гаранции дека ќе станеме членка во ЕУ, туку уверување дека нашите пристапни преговори нема да зависат од билатерални прашања поврзани со историјата и идентитетот – рече Димитровски.

На панелот посветен на европската стратешка автономија на Европската Унија и европските предизвици поврзани со обезбедувањето храна, синџирите на снабдување и поврзаноста, Димитровски ја истакна важноста на подобрата интеграција и поврзаност на Западен Балкан со Европската Унија, како и потребата од унапредување на инфраструктурните, транспортните и економските врски. Тој нагласи дека зајакнувањето на регионалната поврзаност и отпорноста на синџирите на снабдување се од клучно значење за поголема конкурентност и стабилност на целиот регион.