Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Димитровска: Спортот повторно е меѓу врвните национални приоритети, за две години реализирани и започнати 60 спортски проекти

Спортот и инвестирањето во здравјето и развојот на младите, повторно е дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спортот и инвестирањето во здравјето и развојот на младите, повторно е дел од врвните национални приоритетии и тоа го прави токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пишува во денешното соопштение од прес-конференција на Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи Владата, започна силното вложување во капитални инвестиции и спортска инфраструктура. Се реализираа отпочнатите и незавршени проекти, се отпочнаа многу нови и се прават планови за следни капитални инфраструктурни објекти и проекти.

Оваа Влада не зборува само за спорт, оваа Влада посветено гради спорт и тоа може да се види со тоа што само за две години, реализираше и започна 60 спортски проекти со вкупна вредност од над 21 милион евра.

Реклама

Во изминатиот двегодишен период се реконструираа и започнаа повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш.

Започна долгоочекуваната реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, како и изградбата на новите трибини на градскиот стадион во Тетово.

Исто така, изградени и реконструирани се бројни игралишта, мултифункционални терени и спортски објекти, а во различни фази на реализација се и девет базени низ државата.

Инвестираме во спортот и младите, затоа што крајна цел е да изградиме систем што ќе создава шампиони и инфраструктура што ќе служи со децении.