Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Димитровска: За две години инвестирани над 21 милион евра за спортски проекти и државна помош насочена кон спортистите, клубовите и федерациите

По долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ на власт спортот се враќа во фокусот на Владата и го добива заслуженото место, истакна на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ,  Катерина Димитровска.

Спортот е област во која треба да се инвестира сега, за резултатите и ефектите да се почувствуваат по извесно време на многу труд, напор, тренинзи на генерации млади спортисти.

За да можат посветено и безгрижно младите надежни спортисти да се посветат на нивниот развој, напредок и постигнување резултати, потребно е државата да инвестира и да обезбеди соодветна модерна и современа спортска инфраструктура.

Реклама

Тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде за две години се инвестирани над 21 милион евра за реализирање и отпочнување на нови спортски проекти.

До сега реализирани и отпочнати се 60 проекти како што се спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш, салата на УКИМ, нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, нови трибини на Градскиот стадион во Тетово. Изградени и реконструирани се безброј игралишта, мултифункционални терени и спортски објекти, посветено се работи и на деветте базени низ државата кои се во различни фази на реализација.

Исто така, се воведе потранспарентен систем за распределба на средствата, со јасни критериуми и со цел државната поддршка за спортот да биде насочена кон спортистите, клубовите и федерациите.

Ова не се само бројки кои убаво звучат. Ова се средства кои значат поддршка и овозможуваат подобри услови за развој на спортот и спортистите. Вложувањето во спортската инфраструктура значи изградба на објекти во кои ќе тренираат нашите деца. Ова се инвестиции што ќе останат за генерациите што доаѓаат.

Со конкретните инвестиции во спортот, покажуваме дека проблемот никогаш не бил во парите, проблемот бил во приоритетите. Кога спортот не е приоритет, се бараат само изговори, а кога спортот ќе стане државен приоритет, како сега, тогаш се градат сали, базени, атлетски патеки и игралишта.

На спортот и младите не се штеди, во спортот и младите безрезервно се вложува и инвестира, а токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.