Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Димитриевски за Тетово: Секоја одлука за преименување улици спротивна на законот е ништовна

Претседателот на Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски од Тетово со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски од Тетово со порака политичките субјекти да ги почитуваат законите и уставните норми, во однос на прашањето и процесот за преименување на улици кој го води Општина Тетово. На новинарско прашање каков став има партијата со оглед на учеството во Владата, тој посочи дека Движење ЗНАМ  се темели на АСНОМ и е против на секој спротивен процес. 

-Нашиот став од првиот момент е јасен, ЗНАМ и основните вредности на ЗНАМ како политичка партија се темели на Крушевскиот манифест и АСНОМ-ските заложби и заклучоци и секако дека ние сме против вакви појави. Впрочем, редефинирањето на улиците и изградба на спомен обележја во Македонија е дефинирано со закон. Секој еден којшто го прекршува закони ќе донесе незаконски акт истиот е ништовен. Без разлика дали мнозинството во советот и е за или против сепак си постои законска постапка којашто е предвидена и сите одлуки коишто ќе бидат донесени на советот на општината доколку се во спротивност со уставот и законот се ништовни, истакна Димитриевски од Тетово.

Движење ЗНАМ за наша Македонија денес на пладне во Тетово почна со одржување на панел-дискусија насловна „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“ со цел да пред членството и симпатизерите да се даде отчет за сработеното и плановите за иднина. Димитриевски во изјава за медиумите рече дека по реконструкцијата на Владата, Движење ЗНАМ презема дополнително одговорност во делот на ресорот на земјоделие.

Реклама

-Вчера нашиот министер ја посети Шара, разговараше со дел од сточарите, а денес ние сакаме да слушнеме од граѓаните и позитивни, но секако и негативни критики во дел да настојуваме да останеме на тоа за што се залагаме во предизборието дека ЗНАМ ќе биде партнер во власта, но дополнително и браник и заштитник на државните и националните интереси и секако активно се вклучува во реформскиот процес на државата. Факт е дека беше затечена една многу лоша состојба, финансиски, економски и социјален момент и ние секако со нашите владини партнери активно работиме на решавање на проблемите се со цел граѓаните на Македонија да почувствуваат подобри услови за секојдневно функционирање и живеење, рече Димитриевски.

Национален караван на панел-дискусии под мотото „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“ партијата го почна на 27 јуни 2026 во Скопје, па продолжи во Куманово, Штип, Битола, Охрид, а следниот викенд ќе продолжи во Прилеп.