Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до  Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП).

-Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, надвор е од нејзиниот опсег, не е ниту во санитарните, зашитини зони или во изворот, туку е далеку, на околу 800 – 900 метри од главниот цевковод што ги снабдува Општина Гостивар и околните села со вода за пиење. Предметното зафаќање вода за кое е информирана и јавноста, не е составен дел од дозволата, а водата што се зафаќа е од водно тело кое моментно гравитира во постојан отворен канал. За секоја измена на дозволата од МЖСПП што планира да ја направи некое комунално претрпијатие, вклучувајќи го и Комуналец – Гостивар, прво треба да се поднесе барање до Управата за животна средина – Сектор води, кое потоа го разгледува и дава иили не дава одобрение за измената. Во конкретниот случај се работи за цевковод што служи за вода за пиење, за исклучително санитарни услови. Точка 11 од дозволата вели дека, за секоја измена која ќе сака да ја направи операторот е должен да побара одобрение од МЖСПП зашто министерот ја издава дозволата која е носечка за водоснабдувањето во градот. Такво барање до денес не е пристиганто во МЖСПП, рече денеска директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска на прес-конференција во Владата.

-Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата и е надвор од нејзиниот опсег, не е ниту во санитарните, зашитини зони или во изворот, туку е далеку, на околу 800 - 900 метри од главни

Таа информира дека на 16 јули, по барање на ОЈО од Гостивар, веднаш била издадена наредба за вонреден инспекциски надзор, кооридниран со крим полицијата, АХВ, Центарот за јавно здравје и Комуналец – Гостивар. Од 19 – 23 часот се вршел увид и составен е записник доставен до ОЈО Гостивар.

Реклама

-Државниот инспекторат за животна средина останува целосно на располагање на ОЈО и ќе продолжи да постапува согласно законските овластувања и надлежните органи, потенцира директорката.

Таа е децидна дека Инспекторатот за животна средина нема надлежност во однос на водата за пиење, ниту во однос на анализите, ниту, рече, ќе коментира дополнителни околности, се додека трае постапката пред надлежното обвинителство.. 

Според директорот на АХВ, Оливер Миланов кој претходно зборуваше на прес-конференцијата во Владата, ОЈО треба да утврди како е дозволено на диво да бидат прикчлучени пумпите. Можеби, како што рече, биле поставени ден пред да се случи хаваријата.