Реклама

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Македонија

ДЗР: 23,4 милиони евра за мерките за вработување во 2024, но распределбата не го следела принципот на рамномерен регионален развој

За активните мерки за вработување во 2024 година исплатени се 1.442.207 илјади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За активните мерки за вработување во 2024 година исплатени се 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој – покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Агенцијата за вработување на Македонија (АВРСМ).

Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05 отсто од мерката самовработување и над 50 отсто од мерките субвенционирање плати и вработување и раст на правни субјекти реализирани се во само неколку градови – Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип, а другите добиле значително помал удел.

Ревизорите констатирале неправилности и неусогласености во работењето на АВРСМ и изразиле мислење со резерва за реалноста и објективноста на  финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики за 2024 година. 

Реклама

– Во 2024 година преку АВРСМ исплатени се 1.326.958 илјади денари или приближно 21.541.526 евра за паричен надоместок во случај на невработеност, од кои за паричен надоместок 876.960 илјади денари (14.236.364 евра) и за материјално обезбедување 449.998 илјади денари (7.305.162 евра), што претставуваат 40,6 % од вкупните расходи на АВРСМ во 2024 година. Исплатите за паричен надоместок се повисоки за 27,13 %, односно за 187.148 илјади денари во однос на 2023 година – посочуваат од ДЗР. 

Ревизијата утврдила слабости во постапката за остварување на правото на паричен  надоместок, кои се однесуваат на некомплетна документација, невоспоставена електронска размена на податоци со Фондот за ПИО, како и отстапувања при утврдувањето на висината на надоместокот. – Утврдено е дека најголемиот дел, односно 67,91 отсто од исплатениот износ за паричен надоместок во случај на невработеност во текот на 2024 година е по основ на престанок на работниот однос склучен на определено време. При ревизијата се констатирани случаи на договори за вработување на определено време склучени во траење од три дена, договори продолжувани над законскиот максимум од пет години, како и повторно вработување кај истиот работодавач по користење на правото на паричен надоместок, што упатува на потреба од зајакнување на контролите при остварувањето на ова право, велат од ДЗР. 

За реализација на активните програми и мерки за вработување (вкупно 14) предвидени со оперативната програма во 2024 година исплатени се вкупно 1.442.207 илјади денари (23.412.451 евра), што претставува зголемување за 16,34 отсто  во однос на 2023 година.  

При распределбата на средствата, како што посочуваат од ДЗР, не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Кај одделни активни мерки исплатите во Скопскиот и во дел од западните плански региони ја надминувале утврдената квота и до четирипати, а регионите од централниот и источниот дел на државата добиле помал обем на средства.  

За мерката Самовработување, 62,05 отсто од средствата се реализирани преку центрите за вработување во само пет града. 

– Кај мерката субвенционирање плати – 327 од вкупно 646 одобрени апликации  (50,6 %) се однесуваат на само четири центри за вработување (Скопје, Струга, Тетово и Куманово), а кај мерката вработување и раст на правни субјекти – 587 од 917 одобрени апликации (64,1 %) се реализирани во пет центри за вработување (Тетово, Скопје, Струга, Куманово и Пробиштип) – истакнуваат од ДЗР. 

Ревизорите утврдиле и слабости во системот на мониторинг и контрола на користењето на средствата поради недоволно разработени процедури, ретки 
теренски контроли и нецелосна документација, што создава ризик од ненаменско користење на доделените средства. 

Во текот на 2024 година за мерката обука за стекнување вештини од областа на напредни ИТ-вештини исплатен е износ во висина од 85.835 илјади денари (1.393.425  евра), при што само 184 од 735 кандидати (25,03 %) успешно го положиле завршниот испит, што укажува на ниска ефикасност на мерката.

– Во 2024 година АВРСМ исплатила 5.747 илјади денари за адвокатски услуги, медијација, вештачења и судски такси, при што 77,46 % од расходите за адвокатски услуги се реализирани преку еден адвокат. Извршени се исплати без целосна поткрепувачка документација и без соодветна контрола на фактурираните услуги, посочуваат од ДЗР. 

Ревизијата утврдила дека за вештачења во износ од 881 илјада денари не е спроведена постапка за јавна набавка, а за 740 илјади денари не е обезбедена документација за извршените услуги. Исто така, некои од адвокатските услуги се однесуваат на административни работи, кои можеле да ги извршуваат службите на АВРСМ, но не е кадровски екипирано. 

Државниот завод за ревизија во извештајот укажува дека посебниот фонд за вработување инвалидни лица не ги добива сите средства што му следуваат во согласност со законот.

– Во делот други прашања се истакнува дека правилата за остварување на правото на паричен надоместок во случај на невработеност не се доволно јасни и прецизни, што во пракса создава поинакво толкување и нееднакво постапување. Не се јасно дефинирани сите услови кога лицето стекнува или губи право на надоместок, како и начинот на пресметка во одредени ситуации, особено кај работа со скратено работно време и разни видови престанок на работен однос. Поради тоа, АВРСМ во пракса постапува поинаку во слични случаи. Овие недоречености доведуваат до правна несигурност, поголем број жалби и судски постапки, како и ризик разни категории осигуреници да не бидат еднакво третирани, иако сите уплаќаат ист придонес за осигурување во случај на невработеност – истакнуваат од ДЗР. 

За надминување на утврдените слабости, Државниот завод за ревизија доставил препораки до надлежните институции и одговорните лица за подобрување на системот на контрола, распределбата на средствата и законската рамка.