На територијата на државата до 19 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште се активни, а останатите се изгаснати, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи.
Првиот активен пожар е на територија на општина Желино, во регионот на село Горна Лешница, каде горат сува трева и мешана шума. Ниска вегетација е опожарена во општина Валандово, на подрачјето на село Удово покрај реката Вардар. Последниот активен пожар е во општина Долнени, во регионот на селата Црнилиште и Стровија, каде се опожарени сува трева и ѓубре.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Долнени, Кавадарци, Кичево, Делчево, Желино, како и два во гостиварскиот регион.
