Реклама

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Гостиварци ќе мора да се стрпат: Водата сè уште не е за пиење од чешма

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Цандо „исчезна“: Го снема морбидниот профил близок до СДСМ и Филипче кој посака смрт за вработени во Алфа

Протоколите со Бугарија не се дел од рамката со ЕУ, но СДСМ и ДУИ ги пикнаа низ споредна врата

Европа во пламен, пожари беснат на сите страни – Македонија засега куртули, но допрва влегуваме во топлотен бран

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Македонија

Десетта фаза прскање против комарци во Скопје по порастот на случаи од западнонилска треска

Град Скопје ја спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против комарци на подрачјето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје ја спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против комарци на подрачјето на главниот град, опфаќајќи аеросолна и теристичка заштита.

Оваа акција доаѓа во период кога во Македонија се потврдени 11 случаи на западнонилска треска, а вирусот се шири низ Европа и регионот, каде во соседна Грција се регистрирани четири смртни случаи кај постари лица. Здравствените институции предупредуваат дека комарците се главни преносници и препорачуваат засилени мерки за лична заштита. Акцијата се одвиваше во текот на ноќните и раните утрински часови, согласно годишниот план за превенција на Град Скопје.

Паралелно со градските превентивни акции, здравствениот систем бележи зголемен број случаи на вирусот на западнонилска треска. Досега во Македонија се регистрирани 11 случаи. Вирусот го пренесуваат комарците, кои се заразуваат при исхрана со крв од птици, кои се примарни носители на вирусот.

Реклама

Кај најголемиот дел од луѓето кои ќе се заразат, инфекцијата поминува без симптоми или со лесна клиничка слика слична на настинка. Сепак, кај помал процент од инфицираните, вирусот може да предизвика тешки невролошки компликации како менингитис или енцефалитис.

Западнонилската треска активно се шири низ Европа, а особено погоден е Балканскиот регион. Во соседна Грција, здравствените власти потврдија четири смртни случаи предизвикани од компликации од овој вирус.