Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Македонија

Делегацијата на Собранието на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Делегацијата на Собранието на Македонија, предводена од пратеничката Благица Ласовска, во чиј…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегацијата на Собранието на Македонија, предводена од пратеничката Благица Ласовска, во чиј состав е и пратеничката Валбона Адили Емини, учествува на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), кое се одржува од 29 јуни до денеска во Тбилиси, Грузија.

Како потпретседател на ПАБСЕК, Ласовска претседавала со Втората и Третата сесија на собранието. Под нејзино претседавање се реализирала дебатата на тема „Вештачката интелигенција за регионална соработка: Иновации, поврзаност и одржлив развој во регионот на Црното Море“. Се расправало и гласало по Извештајот и Препораката 208/2026 за дигиталната трансформација во земјите-членки на ПАБСЕК. Ласовска претседавала и со работата на Комитетот за економска и развојна политика, како и со Комитетот за правни прашања и меѓународна соработка.

Во своето обраќање, во генералната дебата, Ласовска ги претставила достигнувањата и визијата на нашата држава за вештачката интелигенција. Таа нагласила дека дигиталната поврзаност е клучна за регионална интеграција и економски развој. Посочила дека вештачката интелигенција нуди големи можности за подобрување на трговијата, транспортот и јавните услуги. Сепак, таа предупредила на ризиците од нејзината употреба, особено ако не се воспостават механизми за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Ласовска потсетила дека нашата земја на 8 мај 2026 година ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото. Тоа е првиот меѓународно правен инструмент во оваа област.

Реклама

Ласовска, како што информираат од собраниската прес-служба, активно учествувала и во расправата за извештајот „Правни димензии на дигиталното управување и иновациите во регионот на БСЕК“. Таа ја нагласила потребата од современи правни рамки за развој на дигиталните технологии. Ласовска информирала за нашиот напредок во заштитата на личните податоци и сајбер-безбедноста. Зборувала и за усогласувањето со европските стандарди и спроведувањето на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2025-2028. Ја потенцирала улогата на парламентите во обезбедувањето транспарентност и заштита на правата на граѓаните при воведувањето на системи базирани на вештачка интелигенција.

Како што се наведува во собраниското соопштение, значаен придонес во работата на Генералното собрание дала и пратеничката Валбона Адили Емини. Во рамките на Комитетот за економска и развојна политика, таа се обратила во текот на дискусијата за извештајот „Дигитална трансформација во земјите-членки на БСЕК“. Адили Емини нагласила дека дигиталната трансформација е еден од најважните двигатели на конкурентноста, отпорноста и долгорочниот економски развој на државите во регионот. Пратеничката истакнала дека различностите меѓу земјите-членки можат да бидат предност кои ќе се искористат преку зајакната регионална соработка и размена на искуства.

Во своето обраќање, таа ги претставила активностите на Македонија во оваа област. Го спомнала Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“ кој овозможува пристап до европски суперкомпјутерски капацитети за научната и деловната заедница. Дополнително, ја нагласила важноста на потпишувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото. Тоа е потврда на заложбите на државата за одговорно дигитално управување. Споменала дека треба да се надмине дигиталниот јаз преку инвестиции во дигитална инфраструктура, развој на дигитални вештини, е-услуги и поддршка на малите и средни претпријатија. Изразила и поддршка за препораките насочени на усогласување на законодавствата и продлабочување на регионалната соработка.

Во текот на Генералното собрание биле разгледани и усвоени неколку извештаи и препораки, кои, како што посочуваат од Собрание, се однесувале на дигиталната трансформација, правните аспекти на дигиталното управување и културната дипломатија како инструмент за зајакнување на регионалната соработка.

Пленарната сесија на 67. Генерално собрание беше свечено отворена на 30 јуни од претседателот на ПАБСЕК и претседател на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили. Поздравно обраќање имаше и претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши.

На 29 јуни, биле одржани подготвителни седници на Бирото на Собранието и Постојаниот комитет на ПАБСЕК. На овие седници биле утврдени рамките за работата на Генералното собрание. Биле разгледани извештаите за активностите на ПАБСЕК и сродните институции. Исто така, биле спроведени избори за потпретседатели на ПАБСЕК и за заменик генерален секретар. За потпретседатели биле избрани Милен Трифунов од Бугарија и Калин Георги Матиеш од Романија. Али Гуркан Устундаг бил избран за заменик генерален секретар.

Пред затворањето на седницата биле разгледани подготовките за есенската сесија на Генералното собрание и прашања поврзани со ротацијата на претседателството на ПАБСЕК.