Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Деветто издание на Beach Film Festival во Охрид

Деветтото издание на фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деветтото издание на фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival ќе се одржи од денеска до 26 јули во Охрид.

– Пет дена, четири локации и десетици филмови под отворено небо — на плажа, на брод и покрај езерото — ќе го претворат Охрид во летна филмска сцена. Годинашното издание носи официјална селекција на долгометражни, краткометражни и студентски филмови од повеќе европски земји, специјална селекција, детска програма и едукативни содржини. Фестивалот и оваа година останува верен на својата идеја: филмот да биде достапен, споделен и доживеан заедно — под ѕвездите, покрај водата, информира тимот на фестивалот.

Официјалната селекција на долгометражни филмови се отвора на 22 јули на плажа Славија со „Being Maria“ на Џесика Палид (20:30). Меѓу главните настани на фестивалот е и специјалната проекција на „The Instinct“ на Хуан Албарасин, што ќе се одржи на брод Армада на 25 јули во 21:30 — кино на вода, со езерото наоколу.

Реклама

Фестивалот се затвора на 26 јули на плажа Славија со специјалната проекција на „Приказната за Силјан“, најновиот филм на македонската режисерка Тамара Котевска (21:00), а истата вечер во 20:45 во Специјалната селекција е и „Silent Cinema“ на Крсте Господиновски.

Во програмата се и краткометражната и студентската селекција — меѓу нив „Rituals“ на Филипо Мараско, „Dear Mother“ на Теодор Солин и „Shadows of the Moon“ на Тина Величковиќ — како и специјална програма на современиот турски филм со „One of Those Days When Hemme Dies“ на Мурат Фиратоглу и „As We Breathe“ на Сејхмус Алтун, реализирана со поддршка на Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија.

За наградите на деветтото издание ќе одлучува меѓународно жири составено од автори и професионалци од четири земји:   Ана Хут (Полска/Берлин) — филмска експертка, професорка на Филмската школа „Кшиштоф Кјешловски“ и експерт на програмата Creative Europe MEDIA, Кеми Перес (Канарски Острови, Шпанија) — режисер, продуцент и сценарист, автор на документарецот „Shirampari: Legacies of the River“, дел од официјалната селекција на Sundance 2023, Хана Грос (Канада) — актерка и режисерка, позната по улогите во „The Adults“, „Falling“ и „The Mountain“, како и по серијата „Mindhunter“ и Срѓан Анѓелиќ (Србија) — сценарист и режисер, автор на култните филмови „Munje!“, „Do koske“ и „Munje Opet!“.

Едукативниот дел од фестивалот оваа година донесува три мастер-класи, отворени за млади автори, студенти и филмски професионалци, што ќе ги одржат членовите на меѓународното жири:  Ана Хут — 23 јули, 17:00 часот, брод Армада. Со поддршка на Канцеларијата на Креативна Европа МК и Агенцијата за филм на Македонија. Кеми Перес — 24 јули, 18:00 часот, Хотел Пела. Со поддршка на Амбасадата на Шпанија во Скопје, AECID и Агенцијата за филм на РСМ.  Срѓан Анѓелиќ — 25 јули, 18:00 часот, Хотел Пела. Со поддршка на Агенцијата за филм на РСМ.

Од 22 до 25 јули ќе се одржи и хорор работилница за средношколци и млади, посветена на игран хорор филм, под менторство на Ангела Грозданов и со поддршка на Goethe-Institut Skopje. Во програмата се предвидени и средби со авторите на прикажаните филмови.

Најмладите посетители и оваа година имаат своја програма — детските проекции се одржуваат на плажа Сараиште, во соработка со Institut français, Goethe-Institut Skopje и Амбасадата на Република Словенија.

Beach Film Festival е фестивал на нов европски филм што се одржува во Охрид како мултимедиски и мултидисциплинарен настан. Неговата цел е да поттикне дијалог, критичка рефлексија и акција инспирирани од прикажувањето на нови европски филмови, и да понуди квалитетна летна културна програма во градот. Фестивалот ги доделува наградите „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм, „Голем бран Стефан Сидовски“ за најдобра актерска остварба и „Мал бран“ за најдобар краток и најдобар студентски филм.

Деветтото издание се реализира со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија, Општина Охрид, Амбасадата на Шпанија, Амбасадата на Австрија, Амбасадата на Република Полска, Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на Република Словенија, Амбасадата на Република Чешка, Амбасадата на Република Турција, Халкбанк, Creative Europe MEDIA, Goethe-Institut Skopje и Institut français. Дизајн на официјалниот постер: @orla_bird.