Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Дебарските пожарникари со зголемен број на интервенции, се апелира на поголема внимателност

Дебарската територијална противпожарна единица, во првото полугодие од годинава, имала повеќе интервенции,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебарската територијална противпожарна единица, во првото полугодие од годинава, имала повеќе интервенции, главно на отворен простор, споредно со истиот период минатата година.

-Во периодот јануари-јуни имавме 78 интервенции, што е за 10 повеќе споредено со истиот период лани. Поголемиот број од интервенциите се пожари на отворен простор или 46, на објекти се 21, на сообраќајни средства една и 10 се технички интервенции. И минатата година за овој период поголем број од пожарите се на отворен простор, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ.

Поради високите температури и зголемениот ризик од пожари Мифтароски упатува апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно. 

Реклама

-Упатувам апел за претпазливост, до граѓаните, земјоделците, сточарите, со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Сите треба да бидеме свесни дека со нашето совесно однесување придонесуваме во заштитата на животна средина, имотите и заедниците во целина. Потсетувам дека во сила е целосната забрана за движење во шумите, рече Мифтароски.

Четиринаесетте пожарникари  на оваа единица, интервенираат на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. Од хуман аспект, а во согласност на локалните власти на двете општини, тие интервенираат и во пограничните населени места од албанскиот округ Пешкопеја, при неопходна потреба.