Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Двочасовна процедурална расправа за гласањето за законот за правична застапеност во Собранието, седницата продолжува попладне

Собраниската седница, денеска, по подолга процедурална распарава, беше прекината и треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската седница, денеска, по подолга процедурална распарава, беше прекината и треба да продолжи попладнево во 15 часот. Речиси два часа пратениците расправаа по процедурални забелешки поврзани со гласањето за предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во второ читање.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, на почетокот од седницата информира дека за предлог-законот за соодветна и правична застапеност ќе се гласа дополнително, а пратениците ќе бидат навремено известени за денот и часот на одлучувањето.

Потоа повеќе пратеници од опозицијата побараа за законското решение да се гласа уште денеска посочувајќи дека има обезбеден кворум и дека не постојат пречки точката да биде ставена на гласање. Некои од нив побараа и денеска да се утврдат ден и час за одлучување по оваа точка.

Реклама

Пратеникот Халил Снопче истакна дека точката не може да биде надмината, без да се определи термин за гласање.

Бендевска, која ја водеше седницата, не се согласи со ваквите толкувања нагласувајќи дека не постои рок во кој претседателот на Собранието треба да одлучи кога ќе се гласа по точката.

– Не е тргната од дневен ред точка 8 и не е точно дека постои рок кој имплицира дека веднаш треба да се изјасни датумот за гласање. Сите 120 пратеници дополнително ќе бидат известени кога ќе се вратиме на оваа точка – рече Бендевска.

Во текот на седницата беа изнесени и процедурални забелешки во врска со неприсуството на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

По процедуралната расправа, Бендевска ја прекина седницата и најави дека таа ќе продолжи во 15 часот.

На дневен ред на продолжението на 11. седница, меѓу другото, се предлог-завршната сметка на буџетот за 2025 година, предлог-законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и науката, како и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026 – 2030 година.