Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Движење ЗНАМ ЦЕНТАР: Колку квадрати бетон вреди едно Водно

Вчера во Советот на Општина Центар не се одлучуваше само за уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера во Советот на Општина Центар не се одлучуваше само за уште една урбанистичка точка. Се одлучуваше дали ќе се заштити Водно или повторно ќе се отвори патот за нов бетон.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија гласаше против, се наведува во соопштението од Движењето ЗНАМ, што МИА го објавува интегрално.


Нашиот став беше јасен. Не може да се носат одлуки за Водно без мислење од надлежните институции за ризикот од ерозија и свлечишта.

Не може да се игнорира фактот дека предложениот план отстапува од Генералниот урбанистички план.



Реклама

На седницата предупредивме: Ги доведуваме воопасност нашите деца.

За жал, наместо аргументите и јавниот интерес, повторно преовладаа
интересите што отвораат простор за нова бетонизација.



Бројките сами зборуваат.
Процентот на изграденост се зголемува од 5,8% на 30,17%, односно 5,2 пати. Бруто-изградената површина расте од 6.500 м² на 29.459 м², односно 4,5 пати, а коефициентот на искористеност се зголемува од 0,17 на 0,91, односно 5,35 пати.



Дополнително, постојат решенија со кои поединечни градежни парцели се третираат на начин што отвора сериозен сомнеж дали водечки критериум бил
јавниот интерес или нечии лични интереси.



Ова не е развој каков што заслужуваат Центар и Скопје. Ова е уште еден чекор кон уништување на белите дробови на градот.



Нема да прифатиме Водно да стане симбол на бетон, наместо симбол на природата.

Личните интереси никогаш не смеат да бидат поважни од
здравјето на граѓаните, безбедноста и правото на идните генерации да живеат во здрав и чист град.



Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи гласно да се спротивставува на секоја одлука што го става приватниот интерес пред  јавниот интерес и профитот пред природата.



Водно не е простор за тргување. Водно е природно богатство што мора да остане за сите граѓани.