Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Две возила за поштата во Дебар

Поштата во Дебар доби две нови возила за извршување на поштенски услуги.  На…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поштата во Дебар доби две нови возила за извршување на поштенски услуги. 
 
На церемонијата на предавањето присуствувал генералниот директор на Македонска пошта, Орхан Куртиши, и градоначалникот на општина Дебар, Фисник Меља. 
 
-Уште една добра вест за граѓаните на Дебар. По долгогодишен недостиг на инвестиции, поштата  доби две нови возила, кои значително ќе ја подобрат ефикасноста на поштенските услуги и ќе ја олеснат секојдневната работа на вработените, објави градоначалникот Меља. 
 
Оценува дека ова е значајна инвестиција што покажува дека, со “посветеност и институционална соработка, се реализираат конкретни проекти во интерес на граѓаните”. 
 
Изразува посебна благодарност до директорот Куртиши, за неговата посветеност и ангажман во реализацијата на оваа важна инвестиција за Дебар. 
 
-Инвестициите за Дебар ќе продолжат и во наредниот период. Со работа, одговорност и посветеност, ќе продолжиме да градиме Дебар со пофункционални институции и поквалитетни услуги за секој граѓани, порачува Меља.


 Директорот Куртиши, најавил дека доколку има потреба од трето возило, ќе се разгледа барањето, додавајќи дека заедно со градоначалникот Меља, ќе реализираат и други проекти во интерес на граѓаните. 
 
Нашата цел, додал тој, е да им обезбедиме поштенски услуги на жителите на Дебар со највисок квалитет и ефикасност, зашто интересите на граѓаните секогаш се наш приоритет.