Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Да се преживее еден месец во Македонија потребни се 51.000 денари, што половина од вработените ги немаат

Не само што имаме највисока инфлација во регионот, туку најверојатно бројките што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не само што имаме највисока инфлација во регионот, туку најверојатно бројките што ги измери официјална статистика во реалност се и повисоки, алармираат синдикатите.  Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за едно четиричлено семејство да го помине месецот се потребни над 51 илјада денари.  Според нивните податоци речиси половина од вработените во Македонија не можат да ги задоволат основните човекови потреби, ако се земат во предвид податоците дека над 120.000 работат за минималец, а уште 100.000 граѓани заработуваат помеѓу минамална и просечна плата.

Реалните цени по маркетите кажуваат дека е се поскапено повеќе од 20 проценти, поскапувањето на струјата ќе биде дополнителен удар за граѓаните и  не се знае до каде ќе се оди имајќи во предвид дека власта имаше малку ингнорантски однос кон нас па после 6 месеци се состанавме на економски социјален совет од што сме тотално разочарани и тотално незадоволни, вели Иван Пешевски од ССМ.

Реклама

Од ССМ реагираат дека растот на минималецот мора да го следи трендот на инфлацијата . Бараат под итно да се реализира она што било договорено да се случи уште во септември, а тоа е порастот на минималецот да е 18,6 проценти од сите плати.  Од синдикатот се револтирани од игнорантскиот однос од Власта, за нивниот пакет предлог антикризни мерки се уште нема одговор, иако како што велат сигурни се дека тие мерки ќе помогнат да се заштити животниот сандард на граѓаните.  Доколку не наидат од слух од власта повторно ќе излезат на улица .

Инфлацијата во просек нема да е помала од 15 проценти, минималната плата по наши проценки во март треба да е 21.000 , ако се следи трендот на пораст на инфлација тие нема да е доволни. Најмалку виновни се граѓаните за вакво спирално зголемување на инфлацијата, додава Пешевски

Додека се бориме за пораст на минималецот, лидери сме по највисока стапка на инфлација во регионот. На пример  Стапката на инфлација во Словенија е речиси двојно помала односно 10 %, , инфлацијата кај храната и пијалоците е 32,4 % во Македонија, а 17 проценти во Словенија, ама во словенија има и двојно повисоки плати .  Иста е споредбата и со Србија каде инфлацијата е 14 отсто, а во Хрватска 12.8 отсто.  Полоши од нас во Европа се Унгарија, Латвија , Естонија, Литванија , Украина , Молдова и Турција.

Македонија има двоцифрена инфлација прв пат по деведесеттите, а трошоците на живот според пресметките на ССМ се и највисоки во изминатите 10 години, пренесува пари.мк .Ако во 2012 просечната нето плата била 21.031 денари, инфлацијата била 5.3 отсто, синдикалната кошничка изнесувала 31.989 денари, 10 години подоцна просечната плата е нешто над 31 илјади, а за живот на четиричлено семејство потребни се над 51 илјади денари. 

Кристина Алексиеска