Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Гувернерот на Шведската централна банка, Ерик Тедеен: Независноста на централните банки е предуслов за одржување ниска и стабилна инфлација

Една од темите за која во последно време сѐ почесто се зборува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една од темите за која во последно време сѐ почесто се зборува е независноста на централната банка, што е можеби најважниот предуслов за одржување на довербата и стабилноста во монетарната политика. Причината поради која спроведувањето на монетарната политика им е доверено на независните централни банки е тоа што институциите што носат самостојни одлуки полесно обезбедуваат ниска и стабилна инфлација на долг рок – вели гувернерот на Шведската централна банка (Риксбанка), Ерик Тедеен, во интервјуто дадено за публикацијата на Народната банка – „80 години централно банкарство: Светски перспективи, регионална соработка и идни предизвици“.

Како што се наведува во соопштението на Народната банка, осврнувајќи се на независноста на централните банки, Тедеен нагласува дека во Шведска постои силна правна и политичка поддршка за Риксбанка за таа да може да носи независни одлуки во областа на монетарната политика во рамките утврдени од политичкиот систем. Притоа, тој истакнува дека од суштинско значење е оваа рамка да се зачува укажувајќи дека проширувањето на мандатот на централните банки може да ги наруши довербата кај јавноста и демократската легитимност на нивната независност.

– Довербата и поддршката за независноста не треба да се земаат здраво за готово. Тие мора постојано да се заслужуваат преку доследно исполнување на мандатот и транспарентно, одговорно и решително извршување на доверените задачи – посочува Тедеен.

Реклама

По повод одбележувањето на 80-годишнината од основањето на Народната банка, гувернерот Тедеен упатува честитки за значајниот јубилеј. Во интервјуто тој оценува дека изминатите петнаесет години, обележани со низа кризи, уште еднаш ја потврдиле важната улога на централните банки во обезбедувањето ценовна, макроекономска и финансиска стабилност, кои се нивните основни цели.

Интервјуто со гувернерот Ерик Тедеен е дел од публикацијата „80 години централно банкарство: Светски перспективи, регионална соработка и идни предизвици“, подготвена по повод јубилејот – 80 години централно банкарство во нашата земја. Публикацијата претставува дел од поширок комуникациски проект, што опфаќа серијал тематски интервјуа со актуелни и поранешни гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународни финансиски институции и претставници на меѓународни централнобанкарски организации – наведува Народната банка.