Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Грција на есен ќе биде домаќин на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“

На есен Грција се очекува да биде домаќин на состанок на групата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На есен Грција се очекува да биде домаќин на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“, а исто така на есен, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис ќе ја продолжи посетата на земјите од регионот – кандидатки за членство во Европската Унија, брифираат високи грчки дипломатски извори.

Активностите се во пресрет на грчкото претседателство со Европската Унија во втората половина на 2027 година и во тие рамки Герапетритис минатиот месец беше во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а планирано е да ги посети и останатите земји, меѓу кои и нашата, што веројатно ќе се случи на есен.

За европската перспектива на Западен Балкан, грчките извори посочија дека Атина инвестира во овој процес и е во редовен контакт и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас и со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Реклама

Дополнително, нагласија дека во изминатите години постои напредок во процесот на проширување, но и дека европските органи веќе ја препознаваат неопходноста да напредува проширувањето со земјите од Западен Балкан.

За време на грчкото претседателство со Европската Унија, потсетија дипломатските извори, една од земјите од регионот, односно Црна Гора, се очекува и официјално да стане членка на Унијата.

Ставот на официјална Атина е дека местото на Западен Балкан е во ЕУ, дека Грција го поддржува овој процес, но и дека е земјата што ја забрзува европската перспектива.